Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Тунис со 28:33 во второто коло од Групата-2 во Президент купот на Светското првенство во Полска/Шведска.
Спорт
-
Ракомет 21.01.2023 20:39
-
Останати спортови 20.01.2023 20:07
Гоџа и Крихмаер славеа во спуст
Во алпското скијање ова се денови за брзината. Италијанката Софија Гоџа ја потврди доминацијата во спуст на домашната патека во Кортина д Ампецо.
-
Ракомет 20.01.2023 20:06
Шпанија и Франција ги отстранија сите дилеми
Шпанија го издржа налетот на Словенија и обезбеди четвртфинале на Светското ракометно првенство, а визата за настап во елиминацискиот сегмент ја потврди и Франција.
-
Ракомет 19.01.2023 18:15
Ракометарите со убедлива победа против Алжир
Македонската ракометна репрезентација со победа ги почна настапите во Президент купот, на Светското првенство 2023. Попладнево во Плоцк совладан е Алжир со 40:25. Ова беше прв натпревар за „црвено-жолтите” во Групата-2 за пласман од 25 – 32. место.
-
Фудбал 19.01.2023 16:05
Финалето на СП во Катар го гледале 1,5 милијарди гледачи
ФИФА ги објави ТВ рејтинзите на натпреварите од Светското првенство одржано во Катар на крајот на 2022 година.
Воведниот натпревар на Мундијалот меѓу репрезентациите на Катар и Еквадор го следеа 550 милиони гледачи.
-
Тенис 19.01.2023 13:10
Третото коло на Австралија опен без ниту еден од најдобрите тројца на АТП
Светскиот рекет број 2 Рафаел Надал и број 3 Каспер Руд се елиминирани во второто коло на Австралија Опен.
Шпанецот вчера загуби од Мекензи Мекдоналд (4:6, 4:6, 5:7), а Норвежанецот денес загуби од Џенсон Бруксби (3:6, 5:7, 7:6(4), 2:6).
-
Фудбал 18.01.2023 18:21
Македонските фудбалери на 27-ми март против Фарските острови во Скопје
Македонската машка фудбалска репрезентација на 27-ми март во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против Фарските острови, што, воедно, ќе биде нивен прв меѓусебен дуел во историјата.
-
Ракомет 17.01.2023 19:48
За Македонија заврши Светското првенство во ракомет
Македонската ракометна репрезентација без ниту еден освоен бод го заврши учеството во Ф-групата на Светското првенство 2023. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Краков загубија од Аргентина со 26:35.
-
Фудбал 17.01.2023 19:28
ПСЖ ќе заработи 10 милиони евра за мечот со ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал
Пари Сен-Жермен ќе заработи значителни финансиски средства за натпреварот во Саудиска Арабија.
Парижаните в четврток на 19 јануари ќе играат во Ријад со саудискиот ол-стар тим составен од фудбалери на Ал-Хилал и Ал-Наср.
-
Тенис 17.01.2023 12:30
Натпреварите на Австралија опен прекинати поради високи температури
Поради екстремно високи температури денеска се прекинати натпреварите од вториот ден на грен – слем турнирот Австралија опен во Мелбурн.
Во Мелбурн денеска се измерени 36 степени целзиусови, а топлиот ветер дополнително го отежна одигрувањето на тениските натпревари на „Мелбурн парк”.






