Одбојкарките на Работнички први обезбедија пласман во финалето на одбојкарскиот плеј-оф.
Спорт
-
Останати спортови 12.04.2023 11:00
-
Останати спортови 11.04.2023 11:49
На балканскиот шампионат ИТКФ македонската репрезентација најуспешна
Македонската репрезентација во традиционално карате е најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат одржан викендот во Скопје со освоени вкупно 135 медали 40 златни, 39 сребрени и 56 бронзени медали. Медалите се освоени во сите возрасни категории и дисциплини во поединечна и екипна конкуренција.
-
Формула 1 11.04.2023 10:17
25 трки ќе се возат наредната сезона во Формула 1
Како што јавија медиумите, на средбата на првиот човек на Ф1, Стефано Доменикали и претставниците на екипите е одлучено следната сезона во Формула 1 шампионатот наместо 23, да има дури 25 трки.
-
Фудбал 10.04.2023 15:16
Продажбата на билети за ЕУРО2024 ќе стартува во октомври
Организаторите на Европското фудбалско првенство 2024 објавија дека официјалната продажба на влезниците ќе почне на 3 октомври кога земјата домаќин го одбележува Денот на германско единствено и обединување на земјата во 1990 година.
-
Останати спортови 07.04.2023 17:31
Викендов на Матка ќе се одржи ИКАС 2023
Агенцијата за млади и спорт во соработка со Македонската кајак федерација викендов ќе го организираат 54-от Илинденски кајак слалом – ИКАС 2023.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски очекува манифестацијата да помине во најдобар ред.
-
Тенис 07.04.2023 13:10
Ѓорческа во финале во Сплит, Ивановски го совлада Донати
Македонските асови, Лина Ѓорческа и Калин Ивановски одлично напредуваат во игра на двојки на ИТФ фјучерсите кои ги играа во Хрватска.
-
Кошарка 06.04.2023 18:36
Денвер го освои првото место во Западната конференција
Екипата на Денвер нагетс го обезбеди место број 1 во регуларниот дел од сезоната во Западната конференција, откако второпласираниот Мемфис ноќеска загуби од Њу Орлеанс (131:138 по продолжение).
-
Фудбал 06.04.2023 18:27
Македонската репрезентација останува 65-та на ФИФА ранг-листата
Македонската фудбалска репрезентација останува на 65-то место на најновата ФИФА ранг-листа објавена денес.
Во март „црвено-жолтите“ ги победија Малта и Фарски Острови, но тоа не беше доволно за прогрес во поредокот на ФИФА.
-
Ракомет 06.04.2023 12:02
30-та јубилејна титула на Барселона во АСОБАЛ лигата
Каталонскиот ракометен гигант Барселона ја освои 30. титула во првенството на Шпанија и 13-ти последовен шампионски пехар за овој клуб во националниот шампионат.
-
Кошарка 06.04.2023 11:37
Лос Анџелес Клиперс го победи Лејкерс во градското дерби
Oсум меча се одиграа ноќеска во НБА-лигата, а во градското дерби Лос Анџелес Клиперс го победи Лејкерс со 125:118. За Клиперси ова беше 11-та победа во низа против соседот.









