Министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Министерството за спорт организираше прием за македонските атлети и за делегацијата од Специјална Олимпијада на Македонија пред нивниот настап на Специјални Олимписки Светски Зимски Игри – Торино 2025, кои ќе се одржат од 7 до 16 март 2025 година.
Спорт
-
Останати спортови 06.03.2025 13:33
-
Фудбал 05.03.2025 20:35
ФФМ промовираше онлајн платформа за продажба на билети
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално ја стави во употреба својата онлајн платформа за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.
-
Кошарка 05.03.2025 08:30
Леброн Џејмс стигна до рекордни 50.000 поени во НБА
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави рекорд за најмногу поени во најсилната лига на светот – НБА.
-
Кошарка 03.03.2025 11:42
Јубилејна 1.000 победа на Леброн Џејмс во НБА
Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска ги совладаа Клиперси со 108:102. Првата ѕвезда на лејкерс, Леброн Џејмс постигна 17 поени, пет скока и девет асистенции. Четирикратниот МВП во НБА-лигата ја забележа својата 1.000-та победа во регуларниот дел од сезоната.
-
Фудбал 02.03.2025 18:07
Елмас со гол го предводеше Торино до гостинска победа
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна вториот гол во дресот на Торино придонесувајќи во триумфот на неговиот клуб на гостувањето во Монца со 2-0 во рамки на 27 коло во италијанската Серија А.
-
Кошарка 28.02.2025 10:32
Кари собори рекорд во НБА лигата
Кошаркарите на Голден Стејт го совлада Орландо со 121:115 предводени Стивен Кари, кој постигна 56 поени.
-
Останати спортови 27.02.2025 13:37
Втор ден од 41. Шарпланински куп
Втор ден од 41. Шарпланински куп и повторно две слаломски трки. Познати се најдобрите кои ќе ги добијат специјалните награди, малите шарпланинци.
Известува Горан Милковски.
-
Формула 1 27.02.2025 09:03
ФИА ги промени правилата за трката во Формула 1
Светската автомобилска федерација (ФИА) ги промени правилата за трката во Формула 1 за Големата награда на Монако.
Возачите ќе мора да застанат двапати во боксот, во обид да внесат одредена динамика на трката, каде што претекнувањето е речиси невозможно.
-
Останати спортови 26.02.2025 13:40
По 12 години, 41.Шарпланински куп
На Попова Шапка, повторно меѓународни натпревари како некогаш. По пауза од 12 години, Скијачката федерација на Македонија го возобновува Шарпланинскиот куп. Најстарата скијачка манифестација на Балканот денеска и утре се одржува по 41. пат.
-
Кошарка 26.02.2025 11:12
Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси дo победа над својот поранешен клуб
Лос Анџелес лејкерс го совлада Далас на домашен терен со 107:99 во натпревар од регуларниот дел од НБА-сезона.
Поранешниот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ забележа трипл-дабл - 19 поени, 15 скока и 12 асистенции.








