Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека Марк Бернал денеска потпишал нов договор. Тоа е последниот играч од средниот ред, роден во 2007 година, кој експлодираше летово за време на претсезоната со Ханси Флик, но за жал заработи тешка повреда на коленото поради која ќе отсуствува една година.
Спорт
-
Фудбал 01.10.2024 09:43
-
Останати спортови 30.09.2024 10:58
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион, откако ја обезбеди титулата на шампионатот што се одржа во Цирих, Швајцарија.
Тој ја комплетираше „тројната круна“, бидејќи покрај оваа титула претходно беше победник на Тур Д’Франс и на Џиро Д’Италија.
-
Фудбал 30.09.2024 10:51
Саудискиот Ал-Наср му понуди нов договор на Роналдо
Саудискиот Ал-Наср започнал преговори за продолжување на договорот на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.
Актуелниот договор на 39-годишниот португалски фудбалер истекува во јуни следната година. Роналдо е еден од најплатените спортисти во моментов.
-
Останати спортови 29.09.2024 18:14
Одбележан „Денот на италијанскиот спорт во светот“
Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на одбележувањето на првиот „Ден на италијанскиот спорт во светот“. Овој настан организиран од страна на Амбасадата на Италија во Скопје, се одржа на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.
-
Тенис 27.09.2024 18:46
Ѓорческа избори полуфинале на фјучерс во Србија
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерс турнирот од серијата 75 во Куршумлијска Бања, откако во денешниот четвртфинален дуел ја совлада Словенката Далила Јакуповиќ со 2-0 (6-4, 6-3).
-
Кошарка 27.09.2024 09:36
Френк Камински се врати во НБА лигата
Френк Камински, по неуспешната авантура во Европа се врати во НБА лигата. Камински се Американецот потпиша едно годишен договор со Феникс Санс.
-
Тенис 26.09.2024 16:18
Сабаленка сака да ја заврши сезоната како прв рекет на светот
Арина Сабаленка, вториот светски рекет во женскиот тенис, изјави дека нејзината главна цел е сака да ја заврши сезоната како прв рекет на светот.
-
Фудбал 26.09.2024 11:17
Меси најави враќање во Аргентина
Според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, нема да ја заврши кариерата во американската МЛС лига.
Има 37 години и моментално е член на Интер од Мајами во МЛС, Меси не планира таму да ги закачи копачките, тврди „Ел Национал“.
-
Фудбал 25.09.2024 11:53
Градот Марсеј понуди да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година
Градот Марсеј понуди да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година, откако европската фудбалска асоцијација УЕФА одлучи да му го одземе домаќинот на Милан поради планираните работи на стадионот „Сан Сиро“.
-
Тенис 25.09.2024 11:00
Алкараз обезбеди учество на Завршниот АТП турнир
Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се квалификуваше за Завршниот турнир на АТП, објавено е на веб-страницата на организацијата.
Пред Алкараз на Завршниот турнир се пласираа светскиот рекет број еден Јаник Синер и Германецот Александар Зверев.










