Најтрофејниот тренер во историјата на Лигата на шампиони, Карло Анчелоти, утре по јубилеен 200 пат ќе седи на клупата на натпревар во елитното европско клупско натпревање, кога Реал Мадрид ќе го пречека актуелниот шампион Манчестер сити во првиот четвртфинален натпревар.
Спорт
-
Фудбал 08.04.2024 19:13
-
Кошарка 08.04.2024 17:09
Бесплатен влез за четвртфиналето во АБА 2 меѓу МЗТ и Широки
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром в среда ќе го игра првиот дуел од четвртфиналната пресметка со Широки во регионалната АБА 2 лига. Раководството на тимот од Аеродром одлучи на овој натпревар влезот да биде слободен.
-
Ракомет 08.04.2024 11:02
Сара Ристовска успеа да го одбрани Куп трофејот во Русија
Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, успеа да го одбрани Куп трофејот во Русија.
Во спектакуларното финале, кое беше одиграно во Ростов, московската екипа славеше над домашниот тим после пеналите со 30:29.
-
Тенис 07.04.2024 17:49
Ѓоковиќ собори уште еден рекорд - најстариот „број еден“ во историјата на тенисот
Уште еден тениски рекорд отиде во заборав. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска стана најстариот „број еден“ во историјата на АТП листата, со што го собори рекордот што со години го поседуваше швајцарскиот тенисер Роџер Федерер.
-
Формула 1 07.04.2024 14:53
Верстапен без поголеми проблеми до победа на Сузука
Макс Верстапен ја оствари својата трета победа во сезоната во Формула 1, откако триумфираше на Големата награда на Јапонија. Трката на „Сузука“ беше многу интересна, а драмите во неа започнаа уште во третиот свиок.
-
Фудбал 05.04.2024 09:42
Мбапе потпишал договор со Реал на почетокот на февруари
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе потпишал договор со Реал Мадрид во првата недела од февруари 2024 година, пренесува „Марка“. Договорот е на пет години.
-
Формула 1 05.04.2024 09:38
Верстапен со најбрзо време на првиот тренинг во Сузука
Макс Верстапен беше најбрз на првиот слободен тренинг во Јапонија. Пилотот на Ред Бул Рејсинг го забележа најдобриот круг за 1:30.056 мин.
Втор и трет во сесијата завршија Серхио Перез исто така со Ред Бул и Карлос Саинц со Ферари.
-
Фудбал 04.04.2024 09:33
Гвардиола за Халанд: Тој е најдобриот напаѓач во светот
Тренерот на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави денеска дека Ерлинг Холанд е најдобриот напаѓач на светот и застана во одбрана на својот фудбалер по критиките од поранешниот капитен на градскиот ривал Манчестер јунајтед, Рој Кин.
-
Ракомет 04.04.2024 09:28
Македонските ракометарки се пласираа на Европското првенство
Македонската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во декември, откако вчера го совлада Азербејџан во Баку со 37-22 (19-12) во претпоследниот натпревар во квалификациската група 5.
-
Ракомет 03.04.2024 10:00
Хансен ја завршува кариерата
По 15 години, познатиот дански ракометар Микел Хансен, кој неколку пати беше прогласуван за најдобар играч кој некогаш стапнал на теренот, на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.





