Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти денеска дека не регистрирала позитивен случај на допинг во 2023 година.
Спорт
-
Фудбал 07.03.2024 21:08
-
Тенис 07.03.2024 16:05
Надал се повлече од турнирот во Индијан Велс
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да учествува на турнирот во Индијан Велс.
-
Кошарка 06.03.2024 21:10
Денвер против Бостон во Абу Даби
Актуелниот шампион Денвер ќе се сретне со Бостон во два претсезонски натпревари во Абу Даби оваа есен, соопшти денеска НБА лигата.
Двете екипи, предводени од Никола Јокиќ и Џејсон Тејтум, двата натпревари во Абу Даби ќе ги одиграат на 4 и на 6 октомври.
-
Фудбал 06.03.2024 19:39
Вардар го совлада Работнички, Струга нов лидер
Вардар го совлада попладнево Работнички во еден од шесте натпревари со кои комплетираше 22 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), додека актуелниот шампион Струга го искористи ремито на Шкупи без голови во Штип и со триумф на домашен терен над Македонија ЃП се искачи на чело на табелата
-
Останати спортови 06.03.2024 18:43
Почина македонскиот бодибилдер Мирко Петровски
Повеќекратниот македонски бодибилдинг и фитнес-шампион Мирко Петровски почна денеска во Скопје на 47-годишна возраст.
Сочувство по повод смртта на Петровски, меѓу другите, изрази и Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија.
-
Тенис 05.03.2024 12:51
Ѓоковиќ има отворен пат до полуфинале на Индијан Велс
На еден ден пред почетокот на турнирот, денеска беше извлечен ждребот за турнирот во Индијан Велс. Новак Ѓоковиќ кој на овој турнир се враќа по пауза од пет години, веројатно ќе има релативно лесен пат до полуфиналето.
-
Фудбал 05.03.2024 12:34
Арсенал со убедлива победа против Шефилд
Арсенал вчера одигра уште еден фантастичен натпревар во кој славеше убедлива победа против Шефилд на гостински терен со 0:6. Со оваа победа Арсенал стана првиот тим во историјата на Премиер лигата кој на три гостински натпревари во низа постигнал по пет или повеќе голови.
-
Фудбал 04.03.2024 19:05
УЕФА го објасни новиот формат на европските турнири
УЕФА објави појаснувања во врска со новиот формат во европските клупски натпреварувања, кој ќе стапи на сила од сезоната 2024/25.
-
Тенис 04.03.2024 15:10
Пад од шест места за Ѓорческа на ВТА ранг-листата
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад за шест места на денешното рангирање на ВТА листата. Таа се наоѓа на 241. место со 312 поени или седум помалку од претходната недела.
-
Кошарка 03.03.2024 13:10
Леброн Џејмс прв во историјата со 40.000 поени
Леброн Џејмс, најдобриот стрелец на сите времиња во НБА лигата, уште еднаш се запиша во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.







