Снежните наноси низ поголемиот дел од Европа предизвикаа проблеми во сообраќајот во неколку земји. На поголемите аеродроми во Белгија и во Германија беа откажани летовите. Поради дебелата покривка или голомразица е блокиран и патниот сообраќај.
-
Свет 12.12.2017 13:18
-
Свет 12.12.2017 12:33
Над 50 светски лидери на самитот за климатски промени во Париз
Повеќе од 50 светски лидери денеска во Париз одржуваат самит за кој францускиот претседател Емануел Макрон се надева дека ќе донесе нов поттик во борбата против глобалното загревање.
-
Свет 12.12.2017 12:08
Австрија: Жртви во експлозија на терминал за природен гас
Едно лице загина, а 18 се повредени при експлозија во терминал за природен гас во Источна Австрија. Сѐ уште не е позната причината за експлозијата. Баумгартен е клучен терминал и центар за складирање на природен гас во овој дел на Европа.
-
Свет 12.12.2017 11:48
Трамп: Итна имиграциска реформа
Американскиот претседател Доналд Трамп бара од Конгресот да донесе закон за имиграциска реформа поради нападот во Њујорк, во кој маж од Бангладеш активираше рачно направена бомба.
Според Трамп, 27-годишниот Акајед Улах влегол во земјата на основа на семејна имиграциска виза.
-
Свет 12.12.2017 10:22
Снежно невреме низ Европа, затворени повеќе аеродроми
Снежните наноси низ поголемиот дел од Европа предизвикаа проблеми во сообраќајот во неколку земји. Во белгиската престолнина е затворен аеродромот „Завентем“. Граѓаните се револтирани бидејќи им се нарушува секојдневната рутина и обврските не ги завршуваат навреме.
-
Свет 11.12.2017 17:17
Експлозија на Менхетен
Експлозија на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетн во Њујорк. Според информациите од САД, четворица се повредени, а бомбашот кој имал импровизирана експлозивна направа е уапсен.
-
Свет 11.12.2017 14:36
Путин нареди повлекување на руските војници од Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин во ненајавена посета на Сирија, пред закажаните средби во Египет и во Турција.
-
Свет 11.12.2017 13:03
Нетанјаху бара ЕУ да го следи примерот на САД
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја поздрави историската посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е првиот челник на владата на единствената еврејска земја во светот, кој дошол во Европската унија во последните 22 години.
-
Свет 11.12.2017 11:54
Габриел: СЕД не значат крај на татковината
За германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, формирањето на „Соединети Европски Држави“, не значи и крај на националните држави на европскиот континент.
-
Свет 11.12.2017 10:50
Европскиот парламент со седница за Шенген и за Брегзит
Европскиот парламент на последната седница годинава во Стразбур, ќе разговара за проширување на Шенген- зоната и за Брегзит.









