• Свет 21.12.2017 10:55

    Мелбурн: Џип удри во пешаци

    Неколку лица се повредени во австралискиот град Мелбурн откако џип намерно удри во голема група пешаци. Полицијата го утврдува мотивот за нападот.

    Очевидци велат дека возачот се залетал кон групата луѓе кои минувале на пешачкиот премин и удрил во нив со брзина од 100 километри на час.

  • Свет 21.12.2017 10:27

    Предвремени регионални избори во Каталонија

    Граѓаните на Каталонија решаваат дали ќе ги поддржат партиите кои се за независност. Нивниот обид за сецесија од Шпанија заврши со сменување на регионалните власти, воведување директна управа од Мадрид и вонредни избори.

  • Свет 20.12.2017 15:23

    Каталонија: Тивкото малцинство ќе реши на изборите

    Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон од Брисел упати последен повик до своите сограѓани да гласаат за неговата коалиција „Заедно за Каталонија“ на утрешните регионални избори.

  • Свет 20.12.2017 13:56

    ОН: Русија - окупаторска сила на Крим

    Генералното собрание на Обединетите Нации усвои резолуција со која ја прогласи русија за „окупаторска сила“ на Крим и го осудува кршењето на човековите права на полуостровот.

  • Свет 20.12.2017 12:57

    ЕУ: Полска би можела да го загуби правото на глас

    Европската комисија денеска би можела да почне процес за одземање на правото на глас на Полска во рамки на институциите на ЕУ.

  • Свет 20.12.2017 11:34

    ЕК ќе ги претстави условите за продолжување на преговорите за Брегзит

    Европската комисија денеска треба да ги претстави условите со кои се бара исполнување од Велика Британија за продолжување на преговорите за Брегзит.

  • Свет 20.12.2017 11:14

    САД: Сенатот ги усвои даночните реформи

    Американскиот Сенат ги усвои даночните реформи со кои значително се намалува оданочувањето на заработката на компаниите. Се намалуваат и индивидуалните даночни стапки.

    Според законот, највисоката стапка на доход за компаниите во сад, од сегашните 35, се сведува на 21 насто.

  • Свет 20.12.2017 10:28

    Пуџдемон ги повика сограѓаните да гласаат за неговата листа

    Поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон од Брисел упати последен повик до своите сограѓани да гласаат за неговата коалиција „Заедно за Каталонија“ на утрешните регионални избори.

  • Свет 19.12.2017 16:45

    Вучиќ: Русија е стратешки партнер на Србија

    Српскиот претседател Александар Вучиќ во Москва се сретна со рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, со кого разговараше за стратешкото партнерство на двете земји, енергетиката, поддршката на Русија во однос на прашањето за Косово, ситуацијата во регионот, како и за економската соработка.

  • Свет 19.12.2017 12:52

    Тројца загинати, над 100 повредени во железничка несреќа во САД

    Патничкиот воз кој излета од шините и падна врз фреквентен автопат во државата Вашингтон се движел со 130 км/ч во моментот на несреќата, во која загинаа неколку патници. Дозволената брзина на кривината каде што машиновозачот ја загубил контролата била 48 км/ч.

Pages