Прекинатиот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград не претставува само безбедоносен инцидент, тој доведе и до дипломатски скандал.
-
Свет 15.10.2014 19:20
-
Свет 15.10.2014 19:12
Бојко Борисов го доби мандатот за состав на нова влада
Бугарското собрание ќе ја избере новата влада на 27 ми овој месец, а мандатот го доби ГЕРБ на Бојко Борисов. Претседателот Плевнелиев, по средбата со партиите рече дека е договорено што побрзо да ги заврши консултациите со партиските лидери.
-
Свет 15.10.2014 16:28
ЕК со пофалба до властите во Белград за успешното справување со ситуацијата на фудбалскиот натпревар
Европската Комисија изрази разочараност поради прекинот на фудбалскиот натпревар во Белград и упати пофалба за српските власти кои успешно се справија со ситуација. Синоќешниот скандал беше една од темите на денешната прес конференција во Брисел.
-
Свет 15.10.2014 15:42
Медведев со критика кон Вашингтон за ставови во однос на Русија
Рускиот премиер Медведев го критикуваше Вашингтон бидејќи смета дека поради Украина, Русија е втора закана за човештвото. Претседателот на САД Обама изјави дека Русија е после еболата, а пред Исламска држава.
-
Свет 15.10.2014 15:38
Знаме со „Голема Албанија“ го прекина натпреварот помеѓу Србија и Албанија
Натпреварот од квалификациите за европското првенство во фудбал меѓу репрезентациите на Србија и Албанија во Белград синоќа беше прекинат откако дрон со знаме на Голема Албанија прелета околу теренот и испровоцира голем инцидент.
-
Свет 15.10.2014 15:33
Хамас го обвини Бан Ки Мун за двојни стандарди
Палестински Хамас го обвини за лицемерие и двојни стандарди генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.
-
Свет 15.10.2014 15:30
Необичен инцидент во босанска телевизија
Необичен инцидент се случи на сараевската ТВ 1. За време на емисијата „Јас бирам гости“, високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко влезе во студиото среде снимање како да доаѓа на муабет.
-
Свет 15.10.2014 15:01
Обама побара поголеми напори во борбата против еболата
Уште една медицинска сестра е тестирана позитивна на ебола во Далас. И таа го лекувала починатиот либериец Томас Данкан, првиот американски пациент. Случајот е објавен брзо откако претседателот Обама побара поголеми напори во борбата против епидемијата.
-
Свет 15.10.2014 14:24
Медведев се сомнева дека санкциите кон Москва наскоро ќе исчезнат
Обновувањето на врската меѓу САД и Русија е невозможно се додека не се укинат западните санкции воведени за Москва, изјави рускиот премиер Димитриј Медведев за американската телевизија Си-Ен-Би-Си.
-
Свет 15.10.2014 14:21
Втор случај на заболен од ебола во Тексас
Уште еден здравствен работник во Тексас позитивен на ебола. Неговиот идентитет се уште не се соопштува. 26 годинишната медицинска сестра кај која беше дијагностициран вирусот добива соодветен третман.










