Почнуваат изборите за новиот состав на Европарламентот.
Над 400 милиони граѓани со право на глас ќе избираат пратеници. Гласањето е задолжително во Белгија, Луксембург, Кипар и Грција.
Почнуваат изборите за новиот состав на Европарламентот.
Над 400 милиони граѓани со право на глас ќе избираат пратеници. Гласањето е задолжително во Белгија, Луксембург, Кипар и Грција.
Реките постепено се повлекуваат и во Босна и Херцеговина. Сава е во стагнација откако проби Дрина кај Стара Рача, а Босна се врати во коритото и веќе не го поплавува Шамац. Во Хрватска, и натаму е тешко во Славонија иако водата опаѓа.
Петмина кинески офицери од Кинеската Народна армија се обвинети за економска шпионажа и незаконско добивање на деловни тајни од шест американски компании.
И од воздух и од копно видливи се последиците од неодамнешните поплави што го зафати и босанскиот дел од посавјето и од семберија. Еден од градовите кој најмногу настрада од надојдените реки Босна и Усор е Добој.
Кина и Русија го потпишаа историскиот договор за снабдување со природен гас што ќе почне да се применува за 4 години.
Најмалку 118 луѓе загинале а голем број се повредени во две последователни експлозии во градот Џос во центрана Нигерија.
Во Србија од денеска тридневна жалост за настраданите во поплавите. Водите се повлекуваат, но опасноста и натаму демнее. Надлежните ги санираат последиците. Српската влада најавува в петок или сабота укинување на вонредната состојба.
Стабилизирана состојбата по поплавите кои ги зафатија Босна и Херцеговина и Хрватска. Според првичните проценки над 1,36 милиони луѓе во Босна и Херцеговина се погодени од невремето. Се сумираат и податоците за материјалната штета.
Војската и жителите почнаа да ги санираат штетите. Во Босна е прогласен ден на жалост.