Голема експлозија во фабрика за преработка на гума во Доњецк, предизвикана од проектил. Од експлозијата е направена материјална штета, нема податоци за жртви, но ударот бил почуствуван во радиус од неколку километри и предизвикал паника кај жителите.
-
Свет 20.10.2014 16:29
-
Свет 20.10.2014 16:02
Една победа против еболата – Нигерија се симнува од листата на загрозени земји
Извојувана е една победа во борбата против еболата. Нигерија се симнува од листата на загрозени земји. Светската здравствена организација потврди дека шест недели не се појавил нов случај, иако постоеше голема опасност од бран заразени бегалци преку границата.
-
Свет 20.10.2014 14:32
СЗО прогласи крај на еболата во Нигерија
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи денеска крај на епидемијата на ебола во Нигерија, по истекот на период од 42 дена без нови случаи на заболување од овој вирус.
-
Свет 20.10.2014 13:40
Две јапонски министерки поднесоа оставки
Две министерки од јапонската влада поднесоа оставки. Министерка за правда Мидори Мачушима се сомничи за прекршување на изборните правила. Министерката за трговија и индустрија Јуко Обучи е осомничена за злоупотреба на јавните фондови.
-
Свет 20.10.2014 12:32
Бурата „Труди“ во Мексико однесе шест жртви
Тропската бура „Труди“ што го зафати реонот Гереро во јужниот дел на Мексико однесе шест жртви. Причинета е голема материјална штета на автопатот што води кон Акапулко. 16 села останаа изолирани, а над две илјади луѓе се евакуирани. -
Свет 20.10.2014 12:28
Повторно штрајк на пилотите на Луфтханза
Синдикатот на германскиот авиопревозник Луфтханза стапи на осми штрајк годинава против промените на условите за пензионирање. Над 200 илјади патици се засегнати од состојбата.
-
Свет 20.10.2014 12:22
САД им достави оружје на Курдите за борба против ИДИЛ
Американската војска достави оружје, муниција и медицински материјали за курдските сили кои го бранат Кобане од џихадистите на самопрогласениот калифат.
-
Свет 20.10.2014 10:36
Апсење на таткото на Загреб: Политичка битка или камуфлажа?!
Загреб функционира – се фрла ѓубрето, трамваите возат, јавуваат хрватските медиуми, но на улиците одекнуваат реакциите по синоќешното апсење на градскиот татко Милан Бандиќ. Главните реакции од СДП и ХДЗ се најавени за подоцна денеска.
-
Свет 19.10.2014 18:59
Уапсен загребскиот градоначалник Милан Бандиќ
Повеќе хрватски медиуми објавија дека е уапсен градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.
Со уште неколку соработници, осомничен е за незаконски постапки во Град Загреб и во трговското друштво Загребски Холдинг.
-
Свет 19.10.2014 17:33
Сирачиња на еболата: Ја преживеаа смртта, сега треба да се справат со животот
Во безимени гробови или затворени во карантин... Светот всушност не го виде лицето на смртоносниот вирус, освен можеби во очите сирачињата на еболата. Промес, Бенсон и Емануел ги загубија двајцата родители и братчето.










