Советот за безбедност на Обединетите Нации расправа за новиот шестмесечен извештај за работата на мисијата на Косово.
Во извештајот најостро се осудуваат нападите врз меѓународните сила на северот и насилството.
Советот за безбедност на Обединетите Нации расправа за новиот шестмесечен извештај за работата на мисијата на Косово.
Во извештајот најостро се осудуваат нападите врз меѓународните сила на северот и насилството.
Израелската армија ќе продолжи со засилените напади врз Газа. Пронајдени 320 цели на Исламски џихад. Предупредување до жителите да се преселат на југ. Загинати и повредени во израелските напади врз Појасот изминатата ноќ, соопшти Министерството за внатрешни работи во Газа, кое го раководи Хамас.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе го посети Иран, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Војната е секогаш пораз, војната е уништување на човечкото братство, изјави Папата Франциск. Пред верниците на плоштадот Свети Петар побара да продолжи хуманитарната помош во Газа и да се ослободат заложниците.
Седумнаесет камиони со хуманитарна помош го минаа египетскиот граничен терминал со Појасот Газа. Ова е втор конвој за два дена наменет за палестинска територија од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.
Агенциите за животна средина во Велика Британија предупредија дека поплавите по бурата Бабет може да траат до вторник.
Зафатени се и делови од северна Европа. Невремето донесе рекордни дождови на неколку локации.
Вашингтон вети поголема воздушна одбрана на Блискиот Исток како одговор на нападите врз американските сили во регионот. Пентагон ќе испрати антибалистички систем за одбрана заедно со дополнителни баталјони на противвоздушниот ракетен систем Патриот.
Ураганот Норма од Пацификот го погоди Мексико. Властите ги повикаа граѓаните да останат дома Норма со себе донесе ветер од 200 километри на час и поројни дождови.
Градот Кабо Сан Лукас е најпогоден, се санираат штетите.
Кинеските и филипинските власти со меѓусебни обвинувања за судирот меѓу брод на кинеската крајбрежна стража и товарен брод во Јужното Кинеско Море.
Најмалку шест лица загинаа, а 14 се повредени во руски ракетен напад врз пошта во Харков. Продолжуваат битките и во Доњецк.
Киев ќе продолжи со дипломатските напори за продолжување на поддршката за Украина, вели претседателот Зеленски.