• Свет 24.10.2023 12:43

    Жестоки борби во Украина, напади во Херсон и Запорожје

    Иако во втор план поради конфликтот на Блискиот Исток, војната во Украина кулминира. На теренот, продолжуваат жестоките борби. Руските сили го гранатираа регионот на Херсон, извршени се над 100 напади. Има загинати и ранети цивили, меѓу нив и едно дете.

  • Свет 24.10.2023 12:11

    Бројот на жртви во Газа надмина 5.000

    Во Газа продолжуваат гранатирањата. Нападнат бегалски камп на брегот на Средоземното море, десетмина загинати. Од почетокот на конфликтот бројот на жртви надмина 5.000, од кои 2.000 се деца.

  • Свет 24.10.2023 12:06

    Во Луизијана густа магла предизвика верижен судир на 158 возила, седум загинати

    Најмалку седум лица загинаа на автопат во Луизијана во верижен судир поради густа магла, позната како „супер магла“, предизвикана од магла во комбинација со чадот од мочуришниот оган. 

  • Свет 24.10.2023 09:47

    Во мексиканската држава Гереро вооружени напаѓачи убиле над 15 полицајци

    Вооружени напаѓачи вчера убиле десетици локални полицајци во јужната мексиканска држава Гереро, потврди извор од државната влада. И шефот на локалната безбедност на градот Којука Де Бенитез е меѓу загинатите.

  • Свет 24.10.2023 09:07

    Продолжуваат гранатирањата во Газа

    Во Газа продолжуваат гранатирањата. Нападнат бегалски камп на брегот на Средоземно море, десетмина загинати. Од почетокот на конфликтот бројот на жртви надмина 5.000, од кои 2.000 се деца. Со посредство на Египет и Катар, ослободени уште двајца израелски заложници од рацете на Хамас.

  • Свет 23.10.2023 19:27

    Руските сили го гранатираа Купјанск, погодени станбени згради

    Борбите на истокот и на југот на Украина не запираат. Руските сили го гранатираа Купјанск, погодени станбени згради.

    Продолжија нападите и врз уништениот источен град Авдивка и врз Херсон. Украинската одбрана соопшти дека соборила 14 дронови и крстосувачка ракета.

  • Свет 23.10.2023 19:11

    Лавров пристигна во Техеран

    Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пристигна во Иран на регионален форум, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

  • Свет 23.10.2023 15:14

    Трет конвој со хуманитарна помош влезе во Газа

    Уште еден конвој со основна помош од Египет преку преминот Рафах до опколениот Појас Газа. Од Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург апел за прекин на огнот и повеќе и побрзи испораки на храна, вода, лекови.

  • Свет 23.10.2023 14:08

    Над 500 инциденти регистрирани во различни делови на Андалузија

    Повеќе од 500 инциденти се регистрирани во различни делови на Андалузија, Шпанија поради бурата Бернард.

    Силниот дожд и ветер ги зголеми повиците кон Андалузиските служби за итни случаи. Регистрирани се паднати дрвја и оштетување на патиштата.

  • Свет 23.10.2023 13:33

    Гранатирања со жртви, на удар и ќелиите на Хезболах

    Израелската армија продолжи со засилените напади врз Газа. Пронајдени 320 цели на Исламски џихад. Предупредување до жителите да се преселат на југ. Од Хамас тврдат дека расте бројот на загинати и повредени во израелските напади врз Појасот.

Pages