Катастарот воведе ВИП постапка за регистрација на имот. Со неа пренесувањето на недвижност од едно на друго лице ќе се врши во три чекори за шест дена. Разликата во цената со постоечката постапка, која досега траеше 30 дена е од три до шест илјади денари.
-
Економија 01.04.2016 12:48
-
Економија 31.03.2016 16:48
Разврска на политичката криза за да не трпи стопанството
Изборите се клучни за почеток на крајот на политичката криза- заклучија амбасадорот на Италија и заменик- амбасадорот на Велика Британија во земјава, на панел дискусија на Економскиот факултет.
-
Економија 31.03.2016 15:28
Ставрески: Индустрискиот раст дава надеж за висок раст на економијата
Растот на индустриското производство од 15,2 отсто во февруари, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е добар резултат и одличен старт што создава очекувања и надеж дека вкупниот раст на економијата годинава ќе биде добар.
-
Економија 31.03.2016 10:20
Финансиска поддршка за земјоделските задруги
За директорот и еден агроном или ветеринар, земјоделски задруги за првата година имаат право да побараат субвенции во висина од една просечна плата.
Финансиската поддршка е неповратна, а средствата се предвидени за основање и за работењето на регистрираните земјоделски задруги.
-
Економија 31.03.2016 08:55
Караванот „Купи куќа за млади“ во Кавадарци, Неготино, Демир Капија
Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе се одржи презентации во Кавадарци, Неготино и Демир Капија.
-
Економија 30.03.2016 16:43
„Амфенол“ ќе отвори трета фабрика во Кочани, бројот на работници ќе достигне 1.300
Американската автомобилска компанија „Амфенол“ ќе отвори нова, трета по ред фабрика во Кочани, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во гринфилд инвестицијата до крајот на годинава ќе се вработат 550 луѓе. Вкупниот број работници во трите фабрики треба достигне 1.300.
-
Економија 30.03.2016 15:09
Раст на индустриското производство за 15,2 проценти во февруари
Индустриското производство во февруари е зголемено за 15,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Економија 30.03.2016 14:59
Расте бројот на работници во индустријата
Бројот на работници во индустријата во февруари годинава во однос на февруари лани бележи раст од 1,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
-
Економија 30.03.2016 12:23
Утре караванот „Купи куќа за млади“ во Кавадарци, Неготино и Демир Капија
Утре во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржат презентации во Кавадарци, во Општината во 16 часот, во Неготино, во Општината во 17 часот и во Демир Капија, во ЦЕНЕТ во 17 часот.
-
Економија 30.03.2016 09:54
Избор на најуспешни жени- менаџери
„Здравјето и убавината во функција на современата жена“ е тема на денешниот настан што се одржува во рамки на манифестацијата Избор на најуспешни жени менаџерки од Македонија и дијаспората.










