Во Македонија функционира домашна берза на електрична енергија. Но, предвидено е да се внесат и новини, како резултат на соработката на Бирото за јавни набавки со националниот оператор МЕМО.
Известува Александра Велинова.
Во Македонија функционира домашна берза на електрична енергија. Но, предвидено е да се внесат и новини, како резултат на соработката на Бирото за јавни набавки со националниот оператор МЕМО.
Известува Александра Велинова.
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија преку прес-конференција обвини дека се прекршени правата на работниците кои сакаат да излезат од еден синдикат и да влезат во друг синдикат.
Граѓаните на Босна и Херцеговина преку социјалните мрежи се повикуваат на 31 јануари да ги бојкотира продавниците, бензинските пумпи, кафулињата и рестораните, како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард.
Рекордни 3.500 евра по метар квадратен досегна цената на становите во центарот на Скопје. За една година се зголемила за 20 насто, велат од Агенциите за недвижности и инвеститорите. Централното градско подрачје и понатаму е најатрактивно. Некои ги купуваат за живеење, други за издавање.
По повод Меѓународниот ден на чистата енергија, министерката за енергетика Сања Божиновска оствари инспиративна средба со студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).
Растат цените на становите, расте и побарувачката, поради намалената понуда. За една година цената на становите во Скопје по метар квадратен се зголемила за 20 отсто. Ова се должи на лошите политики изминатите години и неопходна е стратегија за градење порачуваат од комората за градежништво.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го посети рудникот САСА, најголемиот подземен рудник за олово и цинк во Македонија, кој произведува приближно 800.000 тони руда годишно.
РС Македонија доби потврда за политиките од кредитната агенција „Стандард и Пурс“, задржувајќи го кредитниот рејтинг ББ-со стабилни изгледи.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
Хрватските потрошувачи денеска не ги посетуваат маркетите, продавниците, бензиските пумпи. Ги бојкотираат трговците поради високите цени. Нашите потрошувачи, иако секојдневно се жалат на повисоки цени, велат дека не очекуваат да се случи такво нешто и кај нас.