Инвестираме 10 милиони евра во Битола оваа година за да го развиеме градот, инфраструктурно да го подобриме и да создадеме услови младите да останат во Битола, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета во општина Битола.
-
Економија 07.11.2024 18:30
-
Економија 07.11.2024 16:08
Ќе забави инфлацијата, но и растот на економијата
Забавување на инфлацијата од 3,5 на 2,5 проценти за следната година и забрзување на растот од 2,3 на 3,3 отсто, се проекциите на НБРМ. Овие очекувања се базирани на зголемени инвестиции, извоз и потрошувачка.
-
Економија 07.11.2024 14:51
Метеж и револт за подигање на ваучерите за инвертер-климите
Граѓаните тешко стигнуваа до ваучери. Метеж и револт пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Со часови се чекаше во редица за да се подигне потребниот документ. Граѓаните се жалат дека не биле известени навреме, дека има и други пунктови и термини.
-
Економија 07.11.2024 14:00
Трошоците на живот во октомври пониски за 0,7%, а цените на мало за 0,1%
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на септември годинава, бележи намалување од 0,7, а цените на мало за 0,1 отсто.
-
Економија 07.11.2024 13:21
Се доделуваат над 6.000 ваучери за инвертер-клима
Турканици, чекање, скратено трпение и надеж дека ќе се дојде до ваучер за клима-уред. Во Скопје и во Битола од утринава метеж за замена на грејниот апарат.
Викторија Милевска и Стевче Митревски ја пренесуваат сликата од Скопје и од Битола.
-
Економија 07.11.2024 13:10
Народна банка: Економскиот раст 2,3% – инфлацијата 3,5%
Забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските согледувања, предвидува Народната банка. Според есенските макроекономски проекции, за оваа година економскиот раст е проектиран на 2,3 отсто, а за наредната на 3,3 проценти.
-
Економија 07.11.2024 09:37
Народната банка ќе ги презентира есенските макроекономски проекции
Народната банка денеска ќе ги презентира есенските макроекономски проекции. На прес-конференцијата најавено е присуство на раководството на централната банка.
-
Економија 07.11.2024 08:35
Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими за граѓаните
Министерството за енергетика, ридарство и минерални суровини денеска ќе ги додели ваучерите за инвертер клими. На доделувањето во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје најавено е присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
-
Економија 07.11.2024 08:04
Почнува процесот на окрупнување на нивите во село Чифлик
Мнозинството земјоделци од село Чифлик, општина Чешиново – Облешево го усвоила планот за распределба на земјиштето. Консолидацијата е дел од проектот на европскиот ИПА фонд и ФАО, со вкупен буџет од 1.2 милиони евра, за окрупнување на повеќе од 1.200 на само 450 земјоделски парцели.
-
Економија 06.11.2024 19:09
Мемов: Соработката на проектите со Светска банка ќе помогне во модернизацијата на Фондот за пензиското
Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов имаше средба со Мисијата на Светска банка за имплементација на СИАП проектот и пензиската политика предводена од Зоран Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску.










