• Економија 15.10.2024 13:25

    Почна новата грејна сезона

    Почна новата грејна сезона за потрошувачите кои се приклучени на системот за централно греење во Скопје. Дел од објектите не ги обезбедија потребните услови за испорака на топлинска енергија. Што велат скопјани, дали радијаторите им биле топли, известува Борис Грујоски.

     

  • Економија 15.10.2024 11:39

    Зголемен бројот на туристи

    Во периодот јануари – август 2024 година бројот на туристите е зголемен за 8,3 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

    Кај домашните туристи има намалување за 0,9 проценти, а кај странските зголемување за 14,4 отсто.

  • Економија 15.10.2024 11:37

    Презентирани владините економски приоритети пред Стопанската комора на Германија

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал работен појадок со претставници на Германската стопанска комора во Берлин, на кој зборувал за владините приоритети за инвестиции во патната инфраструктура, изградба на клучните коридори и инвестициите во енергетиката.

  • Економија 15.10.2024 08:56

    Азески на Евроазискиот самит во Истанбул

    Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествува на Евроазискиот самит што се одржува денес и утре во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап за климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF/ВЦФ) и Унијата н

  • Економија 15.10.2024 08:03

    Пријавување за субвенции во живинарството

    Почна пријавувањето за субвенциите во живинарството обезбедени од Програмата за директните плаќања за 2024 година. Живинарите можат да аплицираат по три основи.

  • Економија 14.10.2024 17:53

    Почнува грејната сезона, училиштата прават калкулации

    Од утре топли радијатори во домовите и деловните објекти кои се снабдуваат преку државната ЕСМ и топланите Скопје Север и ТЕ-ТО.

  • Економија 14.10.2024 15:02

    Платите во образованието и здравството приоритет во Буџетот за следната година

    Медицинско-техничкиот персонал и вработените во образованието ќе имаат приоритет при покачувањето на платите. За нив ќе има пари во Буџетот за следната година. Но министерката не ја исклучува можноста да бидат проектирани средства и за други вработени во различни сектори.

  • Економија 14.10.2024 13:40

    Повисоки цени на горивата од полноќ

    Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензините се зголемува за два ипол денари за литар, додека дизел-горивата поскапуваат за два денари.

  • Економија 14.10.2024 13:32

    Раст на наплатата на увозните давачки

    Во Царинската управа директорот Николовски се пофали дека во изминатите сто дена има поголема наплата, зајакнати капацитети, зголемена работата. Изречени се над 1.200 мандатни казни, нема веќе увози коишто ќе бидат нелегални – се обрати и министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

  • Економија 14.10.2024 13:23

    Утре почнува грејната сезона

    Од утре официјално почнува грејната сезона, дали сите корисници во метрополата ќе имаат топли радијатори? Додека некои училишта и градинки се веќе подготвени, осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1-ви ноември заради заштеда.

Pages