Виси и последниот, 14-ти тендер за „Чебрен“. Истече рокот до кога грчката фирма „Архиродон“ требаше да стави потпис на договорот за хидроцентралата на Црна Река, по пат на јавно-приватно партнерство. Потпис нема. Во Дневникот известува Игор Панов.
Виси и последниот, 14-ти тендер за „Чебрен“. Истече рокот до кога грчката фирма „Архиродон“ требаше да стави потпис на договорот за хидроцентралата на Црна Река, по пат на јавно-приватно партнерство. Потпис нема. Во Дневникот известува Игор Панов.
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Детергент за алишта до 1.500 денари, јајца 102 денари, млеко 60 денари, брашно 48 денари, зејтин 78 денари- ова се гарантираните цени што ги затекнавме во некои од маркетите.
На последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата се пристигнати 58 барања за инвестиции од 8,8 милиони евра.
Според Министерството за земјоделство со нивната реализација веќе целосно се искористени средствата од претходниот фонд за претпристапна помош од Европската унија.
Од денеска нова цена на струјата. Корисниците од првиот блок, кои имаат најмала потрошувачка, ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 5,16 проценти, цената за вториот блок и евтината тарифа останува иста.
Конкурс за нови 355 вработувања распиша државното претпријатие „Национални шуми“. Пред формирањето на техничката влада и ова претпријатие бара Албанец.
Прилепското стопанство смета дека, главно, ги надмина кризните ситуации, особено истакнати во првото полугодие од 2023-та година. Фокусот на стопанствениците за 2024 година е стабилизирањето на пазарот, на пласманот, и надминување на проблемот со недостиг од работна сила.
Чевларите сè уште не можат да се справат со последиците коишто ги остави ковид пандемијата, а потоа и енергетската криза. Во Куманово секторот се соочува со намален број на вработени, бидејќи повеќето се иселија од државата. Се затворија и голем број фирми.
Исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. Реализирана авансната исплата на 30% од основните субвенции за 2023 година. До сметките на 54.055 земјоделци исплатени се вкупно 752.192.865 денари, соопштуваат од Министерството за земјоделство.
Продавници, киосци и штандови може да работат за време на новогодишните и божиќните празници – препорача Владата до работодавците.