Во Националната опера и балет, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар и легендарниот американски состав „Yellowjackets“, пионери на џез-фјужн жанрот и добитници на две „Греми“ награди.
Вести
-
Култура 06.11.2025 09:20
-
Македонија 06.11.2025 09:01
Јаневска ќе се обрати на конференција „Науката како патоказ во време на промени“
Денеска во ИНОКС центар во Скопје (плоштад „Македонија“), министерката за образование и наука, проф.
-
Свет 06.11.2025 08:48
Вратено уште едно тело во Израел, недостиг на помош во Газа
Уште едно тело на заложник е вратено во Израел, во Газа сè уште има останки на шест заробеници-вели Тел Авив. Додека жителите на енклавата се подготвуваат за зимата, ОН предупредуваа дека помошта што влегува е недоволна. Алармираат и за недостиг на шатори, ќебиња и материјали за засолништа.
-
Македонија 06.11.2025 08:25
Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на културен дом во Петровец
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на општина Петровец.
Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник на изградба на нов културен дом во Општина Петровец, по што се очекува да даде изјава за медиуми.
-
Свет 06.11.2025 08:17
Руските сили напаѓаат, Киев возвраќа
Украинската војска нападна руска рафинерија за нафта во Волгоград додека експлозии потресоа неколку енергетски објекти. Русија објави дека украинските војници во градовите Покровск и Купјанск се опколени и ги повика да се предадат.
-
Македонија 06.11.2025 08:15
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 06.11.2025 08:10
Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија
Македонскиот министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, денеска ќе го потпишат договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8.
-
Македонија 06.11.2025 08:06
Преку ден облачно, од вечер дожд
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец.
-
Македонија 05.11.2025 20:51
Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница
По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети.
-
Македонија 05.11.2025 20:28
Алиу: Континуирано ги унапредуваме здравствените услуги во Клиничката болница во Битола
Во изминатиот период, Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола постигна значајни резултати во подобрувањето на здравствените услуги за граѓаните, со сериозни вложувања во кадар, опрема и современи медицински практики.









