Вести

  • Македонија 26.05.2015 16:03

    Лидерска средба: Груевски и Заев информирале за разговорите во Стразбур

    Во Клубот на пратениците во Скопје заврши двочасовната средба на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медух Тачи, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.

  • Економија 26.05.2015 15:11

    „Амфенол“ вработи 100 млади до 29 години

    Преку активните мерки за вработување, американската инвестиција Амфенол во фабриката во Кочани вработила 100- тина млади до 29 години. Склучиле и договор со Техничкото училиште во Кочани за профилирање соодветни кадри.

  • Македонија 26.05.2015 15:04

    Метео

    Ни претстои период на променливо облачно, ветровито и посвежо време кое што во текот на утрешниот ден ќе биде проследено со повремени врнежи од дожд особено во западните и јужните делови од земјава.

    Кога да очекуваме ново затоплување?

  • Македонија 26.05.2015 14:51

    ЕК не негира дека подготвува специјален претставник за Македонија

    Европската комисија не негира дека преку европската служба за надворешни работи подготвува да испрати специјален претставник на ЕУ за Република Макеодонија кој би помогнал во надминување на актуелната политичка состојба. Ставот на Брисел го презентира портпаролката Маја Коцијанчич.

  • Македонија 26.05.2015 14:42

    Проширен и реконструиран третиот дел од булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“

    Отворен е за сообраќај  третиот дел од проширениот и реконструиран булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Градот Скопје добива модерна сообраќајница што ќе овозможи брз и безбеден проток на возила. 

  • Македонија 26.05.2015 14:04

    Почна третата лидерска средба

    Во Клубот на пратеници започна уште една лидерска средба на претседателите на четирите најголеми партии во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Како и на претходните две, како набљудувачи се амбасадорите на САД и на Европската Унија, Џес Бејли и Аиво Орав.

  • Свет 26.05.2015 13:51

    Поплави на југот од САД: Најмалку пет жртви, уништени стотици домови

    Во големи поплави што го зафатија југот на САД загинаа најмалку 5 луѓе, а уништени се стотици домови. Најтешка е ситуацијата во Тексас и во Оклахома, каде што во изминатите 24 часа на места паднале 25 сантиметри дожд, а се предвидува дека врнежите ќе продолжат.

  • Македонија 26.05.2015 13:07

    Руски медал за ректорот на УКИМ во чест на победата над фашизмот

    Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, во спомен на 70-годишнината од победата над фашизмот му додели медал на проф. д-р Велимир Стојковски, за голем придонес кон антифашистичкото воспитување на младите генерации и одбележувањето на овој датум.

  • Македонија 26.05.2015 12:55

    Докупот на стаж пред пратениците

    Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој ќе се овозможи докуп на стаж за граѓаните на кои не им е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за периодот до 31-ви декември 2008 година, денеска го разгледува Собранието на Републи

  • Македонија 26.05.2015 12:51

    Шчербак: Македонија да не подлегнува на сценаријата за дестабилизација

    Македонија да не подлегнува на сценаријата за дестабилизација- порака на амбасадорот на Руската федарација во Македонија, Олег Николаевич Шчербак. Русија не се меша во внатрешните работи на земјата, но се залага за одржување на стабилноста на Македонија и за нејзин успешен развој.

Pages