Екплозија на гас ја предизвика несреќата во фабриката „Балкан гас“ во Богданци, по увидот соопшти Министерството за внатрешни работи.
Животот го загубија тројца работници, сите од село Ѓавато. Двајца од починатите биле во роднинска врска.

Критично е со Црна Река кај Демир Хисар. Нивото е зголемено и во секој момент се очекува излевање. Наврнатиот снег на Пелистер е потенцијална опасност.
Претставници на самопрогласената Доњецка република и украинската војска постигнаа договор да направат коридор со кој ќе им се овозможи на цивилите од Дебалчево да го напуштат регионот во кој има жестоки борби.
Домашното производство е незначително и во почетна фаза. Пилешкото месо скоро целосно се увезува за што годишно се трошат 50 милиони евра.
Државата планира да го менува системот на субвенционирање со воведување на кооперантски односи за производството на еден милион бројлери годишно.