И по 122 години од смртта на големиот поет Григор Прличев македонските поети се воодушевуваат на неговиот величествен лик и неповторливите дела. И годинешниот лауреат, Славе Банар, кој е првиот охриѓанец кој ја добива наградата за најдобра поема вели дека живеел под закрилата на Прличев.
Вести
-
Култура 05.02.2015 16:13
-
Македонија 05.02.2015 16:10
Врвен приоритет на грчката тајна служба се националните интерси
Системот со кој што тие располагаат има можност истовремено да следи околу 6.000 телефонски и над 2.000 интернет линии. Преку овој систем службите може да го следат секој вид на комуникација како говорни повици, СМС, ММС, електорнски пошти и факсови.
-
Свет 05.02.2015 15:31
Кери во посета на Киев, продолжуваат борбите на истокот од Украина
Најмалку пет украински војници загинаа, 19- мина се повредени во судирите со проруските бунтовници во последните 24 часа во регионот Дебалчево, соопшти портпаролот на војската. Во Киев е државниот секретар на САД, Џон Кери на разговори со претседателот Порошенко и премиерот Јацењук.
-
Економија 05.02.2015 15:12
Македонија и Ирска со највисок раст на БДП во Европа
Република Македонија и Ирска ќе имаат најголем раст на бруто-домашниот производ во 2015 и 2016 година, покажува прогнозата на Европската Комисија што ја претстави комесарот за економски прашања и финансии, Пјер Московиси.
-
Македонија 05.02.2015 15:08
Уапсен Фадиљ Арслани, првоосомничен во акцијата „Чекан“
Во Гостивар е уапсен Фадиљ Арслани, првоосомничениот во акцијата „Чекан“ по кого полицијата трагаше речиси два месеца.
Тој со уште 18-мина се товари за злосторничко здружување, рекет, лихварство и насилен криминал.
-
Македонија 05.02.2015 14:58
Поплави: Утре нов предизвик за Новаци
Новаци се спаси од поголема катастрофа. Прсекувањето на патот се покажа како исправен потег. Најпогодена е куќата на семејството Мицевски. Откако водата навлезе во нивниот дом тие беа евакуирани и престојуваат во општинската зграда.
-
Македонија 05.02.2015 14:49
Велешани донираат за настраданите семејства од поплавите
„Од младите за Истокот“, под ова мото велешани ја започнаа хуманитарната акција за донирање на вода и средства за хигиена за настраданите од поплавите подрачја во Источна Македонија.
-
Свет 05.02.2015 14:34
Ангела Меркел и Франсоа Оланд патуваат во Киев
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска ќе отпатуват во Киев за да помогнат при пронаоѓање мирно решение по интензивирањето на насилствата во Украина.
-
Економија 05.02.2015 14:28
Извозот со раст од 15,6% во 2014-та
Во текот на минатата година вкупната вредност на размената на Македонија со странство изнесувала 12,2 милијарди американски долари. Извозот забележал раст од 15,6 отсто, а на увозот 10,3 проценти. -
Македонија 05.02.2015 14:07
Македонците во Србија со хуманитарна акција за жителите од поплавените подрачја
Нашинците во Србија почнаа со собирање на најнеопходната помош за жителите од поплавените подрачја во Македонија.
37-те здруженија на македонците во Србија се организираат во денешната акција во Панчево.










