Филмски грабеж во германскиот град Ахен. Четворица маскирани луѓе влегле во банка и со себе земале плен со шестоцифрена вредност. Нема повредени.
Полицијата трага по напаѓачите. Се претпоставува дека меѓу нив била и една жена.
Филмски грабеж во германскиот град Ахен. Четворица маскирани луѓе влегле во банка и со себе земале плен со шестоцифрена вредност. Нема повредени.
Полицијата трага по напаѓачите. Се претпоставува дека меѓу нив била и една жена.
Мирно, но тензично во Ерусалим, ден по крвавиот напад. Верниците се вратија во синагогите, но пред нив имаше големо полициско обезбедување. Светските лидери остро го осудија насилството.
Ангела се родила во првата недела од осмиот месец. Нејзиното доаѓање на свет донело радост, но и неизвесност. Сега таа има 3 и пол години. Тежок момент е да се гледа сопственото дете во инкубатор и беспомошно, велат трите мајки чии деца се родени пред време.
Снежни бури и рекордно ниски температури ги погодија северните американски сојузни држави. Најмалку 6 луѓе умреа како последица од снежното невреме. Ситуацијата е најкритична во Бафало, Њујорк, каде наврнаа два метра снег преку ноќ.
Балканот повторно на удар на надојдената вода. Сликите од големата поплава во Србија и Босна и Херцеговина се повторуваат, овојпат во Албанија и се смртоносни. Во Лач, северозападно од Тирана, поплавниот бран предизвика семејна трагедија. Се удавија 60-годишен човек и неговата 26-годишна ќерка.
Богословското средно училиште и Богословскиот факултет мака мачат со финансиите и нафтата за греење. Информацијата ја потврдуваат во синодот на МПЦ. Во средното училиште плата за вработените има, но, училниците им се студенти.
Велес е општина со најдобри услови за водење на бизнис. Меѓународниот сертификат кој го има општината ја прави лидер во југоисточна Европа. Тоа треба да биде потик за инвеститорите, сметаат од Сојузот на стопански комори.
Владата даде конкретни насоки, а надлежните државни институции имаат рок од само два дена да одговорат дали некоја домашна компанија правела реекспорт на европски стоки преку Македонија за Русија.
На невработните им се дава нова шанса да отворат сопствен бизнис и да го остварат својот сон. Агенцијата за вработување ќе им додели грантови на апликантите кои се на листата на чекање од мерката за самовработување.