Дали стадионот бил полн со дупки или исполнет до последното место? Тешко дека некој ќе го анализира јазикот на штрковите ако темата е оној на родот свој, а тишината ќе убие кога ќе се заборави запирката.
Вести
-
Македонија 05.10.2014 16:39
-
Македонија 05.10.2014 16:34
Охридскиот Катастар најефикасен во Македонија
Прифаќањето на европскиот начин на работење и однесување со странките, воведувањето на електронскиот катастар и реформите на законската регулатива придонесоа охридското Одделение за катастар на недвижности да биде најефикасно во Македонија. -
Македонија 05.10.2014 11:49
Санкционирани 1.133 учесници во сообраќајот поради сторени прекршоци
СВР Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.133 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот, соопшти МВР. -
Македонија 05.10.2014 11:44
Над 180 повици во последниве два дена на „Ало докторе“
На телефонската линија за медицински совети, 15123 „Ало докторе“, во изминативе два дена биле регистрирани 186 повици.
Јавувањата на телефонската линија биле од граѓани од сите градови на Македонија.
-
Свет 05.10.2014 11:30
Предвремени парламентарни избори во Буарија, ГЕРБ со најмногу шанси за победа
Во Бугарија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, втори од тој вид во изминатите 17 месеци. -
Култура 05.10.2014 11:20
Денеска почнува манфестацијата „Крушвска софра“
Манифестација „Крушевска софра“ почнува денеска во рамки на програмата на „Крушево град на културата за 2014 година“. -
Македонија 05.10.2014 11:17
Претседателот Иванов во Охрид на церемонија „Бело знаме“
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре во Охрид ќе присуствува на церемонија на која ќе се додели „Бело знаме“, како симбол на чисто и еколошки третирано крајбрежје на тој дел од Охридското езеро. -
Македонија 04.10.2014 19:23
Метео
Утре нé очекува променливо облачно време. Во северните делови од земјава со сонце, а во јужните и западните со повремени врнежи од дожд, особено во вечерните и ноќните часови кон понеделник. Температурите без поголема промена. -
Македонија 04.10.2014 17:43
Македонското малцинство нема да гласа на предвремените парламентарни избори во Бугарија
Македонското малцинство нема да излезе на гласање на утрешните предвремени парламентарни избори во Бугарија. Ваквата одлука ја донело раководството на ОМО Илинден Пирин – вели во изјава за МРТ претседателот Стојко Стојков.
-
Македонија 04.10.2014 17:35
Прилепски хирург во притвор поради поткуп
61 годишен хирург специјалист од прилепската болница е во притвор за поткуп, откако полицијата му поднесе кривична пријава. Од обвинителството потврдуваат дека хирургот со иницијали М.Н е сослушан, а судија му одреди притвор до 8 дена.










