Правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите – став на Движењето „ЗНАМ“. Од таму велат дека се подготвени за разговори со владините партнери, но нема да отстапат од своите принципи.
Вести
-
Македонија 08.11.2026 18:09
-
Македонија 08.11.2026 17:16
Амбулантите полни деца со висока температура, многу од нив невакцинирани со МРП вакцината
Со треска и температура, премалени беа децата кои ноќеска беа донесени во дежурниот педијатриски пункт во поликлиниката Бит Пазар. Доенчиња и мали деца на предучилишна возраст, сите во иста чекалница и ординација на преглед. Додека вирусите косат, државата веќе брои и заболени од морбили.
-
Македонија 08.11.2026 16:40
Протестен марш против фемицидот во Скопје со пораката „Ниту една повеќе!“
Седум изгубени животи за помалку од една година. Граѓаните бараат одговор од институциите, зошто не успеваат да ги заштитат оние коишто ќе побараат помош?
„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ одекнуваше низ центарот на Скопје.
-
Македонија 08.11.2026 16:02
Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ , 17 лица лишени од слобода
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Притоа, 17 лица се лишени од слобода, а со едно лице е извршен службен разговор.
-
Свет 08.11.2026 15:28
Брнабиќ ја закажа конститутивната седница на Собранието за 17 ноември
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ ја закажа првата седница на новиот состав на 17-ти ноември во 10 часот. Одлуката е донесена откако Изборната комисија го соопшти конечниот резултат од изборите и ги додели мандатите на новоизбраните пратеници.
-
Култура 08.11.2026 14:48
82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал
На 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар театар во Македонија.
-
Свет 08.11.2026 14:09
Експлозии во Ријад, погодена деловна кула
Силни експлозии го потресоа Ријад, откако саудиските власти издадоа итно предупредување до граѓаните да побараат засолниште. Оштетена е деловна кула на нафтениот гигант „Арамко“ во финансискиот кварт на главниот град. Искршени се прозорци и делови од фасадата.
-
Свет 08.11.2026 13:39
Силен земјотрес во Јапонија, најмалку 20 повредени
Силен земјотрес со магнитуда од 5,7 степени ја погоди централна Јапонија. Најмалку 16 лица се повредени во префектурата Аичи, додека во соседната Шизуока се пријавени уште неколку повреди и инциденти. Епицентарот бил на длабочина од 41 километар, а опасност од цунами нема.
-
Македонија 08.11.2026 13:02
Ракот на дојка сѐ почест кај жените под 40 години
Ракот на дојка сè почесто се открива кај жени под 40 години. Лекарите апелираат на редовни контроли и самопреглед, бидејќи раното откривање е клучно за успешно лекување. Во кумановската болница дневно се прегледуваат до осум пациентки.
-
Македонија 08.11.2026 12:18
Лишени од слобода двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
На 06.11.2026 година, во 22:30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Т.(36) и Ј.А.(26), двајцата од Велес, откако во нивна близина биле пронајдени и одземени марихуана, таблети и дигитална вага, кои претходно еден од нив ги оставил.










