Крајот на идната или почетокот на наредната недела спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски ќе свика седница на која ќе се донесе одлуката за избор на потпретседателите на Собранието и одлука за формирање на Собраниските тела.
Вести
-
Македонија 14.05.2014 13:31
-
Македонија 14.05.2014 13:29
Мониторинг комисијата на ПССЕ утре ќе расправа за изборите во Македонија
Утре пред мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа е информацијата за одржаните претседателски и предвремени парламентарни избори во Македонија. -
Македонија 14.05.2014 13:28
ДОМ бара целосен мораториум за уништување на урбаното зеленило до донесувањето на Законот за зеленило
Од ДОМ очекуваат Законот за зеленило да биде усвоен во првите три месеци од новиот собраниски состав и новата влада.
-
Свет 14.05.2014 13:26
Расте бројот на жртви во најстрашната индустриска несреќа во Турција
Загинати се 205 лица, а голем број се се уште заробени во рудникот.
Во земјата е прогласена тридневна жалост. Несреќата којашто се случила во областа Сома, на околу 250 километри јужно од Истанбул, најверојатно ја предивикал дефект на електричната мрежа.
-
Македонија 14.05.2014 13:04
Се повеќе жртви на македонските патишта!
И билтените на полицијата секојденвно објавуваат, се случуваат и по петнаесетина незгоди во текот на едно деноноќие.
И покрај сите апели, ситуацијата со невниманието на лицата зад воланот тешко се менува.
-
Македонија 14.05.2014 13:00
Попоски во Братислава на Глобален безбедносен форум
Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествува на глобалниот безбедносен форум ГЛОБСЕЦ 2014, што од денеска до 16 мај ќе се одржи во Братислава, Словачка. -
Македонија 14.05.2014 12:59
Одложено судењето на Вранишковски
Во скопска Апелација не се одржа расправата по жалбите на решението за тригодишната затворска казна на Јован Вранишковски во случајот „Расколник“ кој се смета за еден вид продолжение на случајот со проневерата на 250 илјади евра црковни пари, кои Вранишковски одлежува три години затворска казна -
Македонија 14.05.2014 12:54
Иванов утре во Брисел
Дипломатската агенда во вториот претседателски мандат Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја почнува утре со посетата на Брисел.
Тема на одвоените средби со првиот човек на европскиот совет Херман ван Ромпуј и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе е ЕУ агендата.
-
Македонија 14.05.2014 12:51
Пролетната сеидба доцни поради врнежите
Пролетната сеидба доцни, што може да се одрази врз развојот на културите. како што велат агрометеоролозите,поради врнежите што ја зафатија државава, условите се идеални за појава на болести и штетници.
Надлежните им препорачуваат на земјоделците да преземат мерки за заштита.
-
Македонија 14.05.2014 12:47
Повреден скопјанец при истрел со пиштол
Во скопско Волково, денес е погоден 57 годишен маж во десната надколеница.Полицијата соопштува дека неколку непознати лица дошле пред домот на сега повредениот В.С.Еден од нив извадил пиштол и пукал кон В.С. при што го погодил во ногата.










