Вести

  • Свет 11.05.2014 16:30

    Масовни протести во Банкок

    По едномесечна пауза во Бангкок масовни протести на поддржувачите, но и на противниците на управувачката политичка структура. Тензиите се интензивираа по одлуката на уставниот суд да ја разреши премиерката Шинаватра и да наименува нејзин близок соработник како привремен претседател на владата.

  • Свет 11.05.2014 16:28

    Нов напад и киднапирања во Нигерија.

    Нов напад и киднапирања во Нигерија. Исламистичките екстремисти во местото Лиман Кара убија непознат број лица, киднапираа жена и еден полицаец во пензија. Локалните власти изјавија дека никој не останал да ги преброи жртвите бидејќи по нападот Лиман Кара го напуштиле 3 илјади жители.

  • Свет 11.05.2014 16:26

    32 лица повредени во експлозија на бомба

    Најмалку 32 лица се повредени при експлозија на бомба  во дискотека во градот Велика Кладуша во северозападниот дел на Босна и Херцеговина. Еден од ранетите се наоѓа во критична состојба. Во експлозијата нема загинати.

  • Свет 11.05.2014 16:17

    Денот на Европа одбележан во САД

    Европа е место на различни култури и нации, вака европските дипломати им објаснуваат на Американците за значењето на Европската Унија и идејата за слободна и обединета Европа.

  • Економија 11.05.2014 16:13

    Косовски тур-оператори ќе ги посетат Охрид и Струга

    Туристичка Македонија, гледана од сосема друг агол, е мотото на промотивното патување што денеска ќе почне и ќе заврши во Приштина, а ќе ги опфати и главните македонски туристички центри Охрид и Струга.
     
  • Македонија 11.05.2014 16:10

    Конкурсот за упис во високо образование ќе биде објавен утре

    Конкурсот за упис на учениците матуранти во високо образование ќе биде објавен утре во печатените медиуми и на интернет страницата на МОН, објави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
     
  • Македонија 11.05.2014 16:04

    Во Струга се отвори Месната индустрија Билјанови

    Во Струга денес се отвори Месната индустрија Билјанови која инаку има шест генерациска традиција поврзана со месо и месни производи.
  • Македонија 11.05.2014 16:01

    „Го менуваме дијабетесот“ на Скопскиот маратон

     
    Тие ќе се вклучат во трката на пет километри, трчајќи под слоганот „го менуваме дијабетесот“, со што симболично ќе се претстави важноста на физичката активност во успешно справување со дијабетесот за оние кои живеат со оваа состојба, но и во превенција кај останатите.
  • Македонија 11.05.2014 15:55

    Претседателот Иванов утре го почнува вториот мандат

    Собранието на Република Македонија утре треба да одржи седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на државата Ѓорге Иванов.
    Со давањето свечена изјава пред законодавниот дом, Иванов и формално ќе го почне вториот петгодишен мандат како шеф на државата.
  • Македонија 11.05.2014 15:50

    Метео

    Новата работна седмица ќе ни почне со сончево време проследено со мала облачност,а во попладневните часови локално ќе има услови за краткотраен дожд ососбено во северозападните делови од земјава.Температурата останува висока.

    Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска         

Pages