Руска воздухопловна ескадрила со падобрани слета на воени вежби на пловечка санта мраз близу до руската станица на Северниот Пол. Овие маневри во екстремни климатски ситуации се први во модерната историја на Русија.
Вести
-
Свет 09.04.2014 14:08
-
Свет 09.04.2014 14:02
Оптимизам во потрагата по малезискиот боинг
Австралиски брод улови уште два можни пинга од исчезнатиот малезиски боинг. Претходно на истата локација во Индискиот океан беа забележани уште два сигнали, кои одговараат на авионските црни кутии.
-
Свет 09.04.2014 13:58
23 загинати во експлозија во Пакистан
Во експлозија на бомба во пакистанскиот град Равалпинди загинаа 23 луѓе. Бомбата била скриена во кутија со овошје и детонирана за време на најголемиот пазарен метеж. Целта не била војската, па не е јасна намерата, ниту пак некој презеде одговорност.
-
Свет 09.04.2014 13:55
Грчките синдикати стапија во 24-часовен штрајк
Грчките синдикати стапија во 24-часовен штрајк поради мерките за штедење и планираните отпуштања, пред доаѓањето на германската канцеларка Меркел во петок. Пореметен е сообраќајот, затворени се училиштата и болниците.
-
Економија 09.04.2014 13:43
НБРМ: Продолжуваат поволните трендови во македонската економија
Во првиот квартал од годинава македонската економија ги задржа поволните трендови кои преовладуваа во 2013 година со реален раст на БДП од 3,1 отсто, констатира Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ. -
Економија 09.04.2014 13:23
Странски инвеститори заинтересирани за вложување во Гевгелија и Струмица
Неколку странски компании во моментов разгледуваат модел за браунфилд и гринфилд инвестиции во земјава.
-
Свет 09.04.2014 13:11
Тензично во Украина
Во Украина се уште напнато. Проруските демонстранти остануваат на барикадите во владините згради во Луганск и Доњецк, иако во текот на ноќта им дозволиле на педесетина лица да ја напуштат зградата на Службата за безбедност без да биде употребено оружје.
-
Македонија 09.04.2014 11:24
Убиство во кочанско
Нов хорор ја потресе Македонија. Татко од Кочани си го убил својот син со секира.
Според податоците од полицијата, се работи за кочанчанец од селото Спанчево кој со секира му пресудил на својот 37-годишен син, доцна синоќа, еден час пред полноќ, најверојатно додека тој спиел.
-
Култура 09.04.2014 11:02
Промоција на нова поетска книга на Мане Манушев
Во „Плато МКЦ“ вечер ќе биде промовирана поетската книга „ЌЕ“ на авторот Мане Манушев, во издание на „Антолог“. -
Култура 09.04.2014 10:59
Театарската група на Словенечкиот центар-Скопје ќе настапи во Љубљана
Театарската група на Словенечкиот центар-Скопје со претставата „Дон Жуан“ денеска ќе настапи во СиТи Театарот БТЦ во Љубљана на 12. Детски фестивал на театарски соништа.










