САД се закануваат со санкции за земјите што нема да ги прекинат економските врски со Техеран. Секретарот за финансии Скот Бесент најави офанзива за економска изолација на Иран и предупреди дека оние што ќе му помагаат да ги заобиколува санкциите ќе се соочат со американски мерки.
Вести
-
Свет 25.08.2026 08:34
-
Македонија 25.08.2026 07:26
Целосен прекин на патот Крива Паланка – Куманово поради сообраќајна несреќа
Од 05:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Куманово кај местото викано Карчов е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
-
Македонија 25.08.2026 07:19
Сончево и топло, во вечерните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
-
Култура 24.08.2026 20:39
„Имерзивна трансформација на глаголицата“ – изложба на Лазе Трипков во МСУ
„Имерзивна трансформација на глаголицата“ е насловот на изложбата на дизајнерот и уметник Лазе Трипков, поставена во Музејот на современата уметност во Скопје. Проектот за првпат во Скопје е претставен во целосен обем, комбинирајќи традиционални и современи уметнички форми.
-
Економија 24.08.2026 20:21
Речиси 300 милиони денари наплатени од концесиски надоместоци во вториот квартал
Речиси 300 милиони денари се наплатени по основ на концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2026 година, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
-
Свет 24.08.2026 19:50
Нов Зеланд предлага забрана за социјални мрежи за лица под 16 години
Владата на Нов Зеланд поднесе предлог-закон во Парламентот, кој предвидува забрана за користење на социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Предлогот ќе ги обврзе платформите да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците.
-
Економија 24.08.2026 19:15
Сиљановска-Давкова на средба со Славески: Економијата е стабилна, внимателно да се следат цените
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, со кого разговарала за макроекономските показатели и влијанието на глобалните економски и геостратешки трендови врз македонската економија.
-
Култура 24.08.2026 18:51
„Ратевските бамбурци“, струшкиот вез, чалгијата и ајварот прогласени за нематеријално културно наследство
Управата за заштита на културното наследство донесе решенија за прогласување на четирите добра, со што продолжува впишувањето на нематеријалното наследство во Националниот регистар.
-
Македонија 24.08.2026 18:36
Македонија губи над 60 отсто од водата за пиење, во некои региони загубите над 80%
Македонија трпи огромни загуби на вода, кои во некои региони надминуваат 80%, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика. Се бара голема одговорност на водниот сектор како еден од најранливите на последиците од климатските промени.
-
Македонија 24.08.2026 18:17
Степенот на заштита од западнонилска треска подигнат и во Струмица
Нема регистрирано случај на заболен од западнонилска треска во Струмичко, но значително е подигнат степенот на претпазливост кај струмичани. Тврдат дека има комарци во регионот и користат средства за заштита кои низ струмичките аптеки и не се така евтини.









