Вести
-
Македонија 06.07.2026 13:34
Расправа за Законот за македонски јазик
Институциите имаат обврска да го почитуваат Законот за употреба на македонскиот јазик, а неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Во Собранието надзорна расправа за нефункционална и недоследна примена на законските одредби. -
Македонија 06.07.2026 13:33
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Со изведување на материјални докази од Обвинителството во судницата во Идризово продолжи судењето за кочанската трагедија. Се презентираат листинзи од телефонската комуникација.
Како тече судскиот процес, известува Ана Јосифоска.
-
Македонија 06.07.2026 13:25
Се бара договор за Изборниот законик
Собранискиот спикер Гаши се согласува да има електронско гласање на избори, ако се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ставот го соопшти на неделниот брифинг со новинарите.
-
Економија 06.07.2026 13:19
Потпишан договор за автопатот Скопје - Блаце
За четири години треба да биде изграден автопатот Скопје - Блаце. Во Владата потпишан договорот со Европската банка за обнова и развој. Ќе се гради со грант од 30,8 милиони евра и заем во вредност од 167 милиони евра.
Борис Грујоски известува.
-
Економија 06.07.2026 13:14
Повисока цена на горивата од полноќ – дизелот поскапува за 2,5, бензините за 1 денар
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 проценти во однос на претходната одлука.
-
Свет 06.07.2026 11:31
Масовен руски напад врз Киев, има жртви и повредени
Жителите во неколку региони на Украина поминаа уште една ноќ под руски оган. Со балистички и крстосувачки ракети и беспилотни летала одново нападната украинската метропола.
-
Свет 06.07.2026 10:55
Протести во Анкара пред самитот на НАТО
Група демонстранти излезе на улиците во Анкара, против претстојниот самит на лидерите на НАТО. Протестот беше организиран од левичарската Народноослободителна партија.
-
Економија 06.07.2026 10:25
Продолжува расправата за Предлог-ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година во второ читање.
-
Македонија 06.07.2026 10:17
Седница на Комисијата за култура и туризам
Собраниската Комисија за култура и туризам денеска ќе одржи надзорна расправа посветена на примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со акцент на проблемите во неговото спроведување.
-
Култура 06.07.2026 10:09
Концерт „Вечер на романтични серенади“ вечерва на Скопско лето
Вечерва, во Сули ан со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концерт насловен „Вечер на романтични серенади“ во изведба на НУ Камерен оркестар на Битола.










