Во Осака, Јапонија се одржува „ЕКСПО 2025“, на кој со свој павилјон се претставува и Македонија. Голем број посетители се интересираат што се нуди, секако меѓу нив и македонските знаменитости и култура.
Викторија Милевска известува од Осака
Во Осака, Јапонија се одржува „ЕКСПО 2025“, на кој со свој павилјон се претставува и Македонија. Голем број посетители се интересираат што се нуди, секако меѓу нив и македонските знаменитости и култура.
Викторија Милевска известува од Осака
Триесет и четири години независна, а прашањето останува исто – каде одиме понатаму? Каде се гледаат за десет години? Денеска, граѓаните ја цртаат својата визија за Македонија во 2035-та. Надежи, стравови и соништа за иднината.
Известува Александра Велинова
Македонија ја има сè помалку – порача премиерот Христијан Мицкоски на централната свеченост за 34 години независност. Со статистики за празни училници и исчезнати генерации, премиерот предупреди дека наталитетот е најголемиот предизвик за опстанокот на државата.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го почна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи сè уште има жаришта кои тлеат.
40-тина актери од земјава и странство деновиве во Струмица ќе играат за наградата за најдобро актерско остварување – единствена на ФКТ „Ристо Шишков“. Својата креативност ќе ја покажат во вкупно 12 претстави кои се на репертоарот во наредните пет дена.
Расте притисокот за ставање крај на војната во Украина. Шефот на Белата куќа вели дека наскоро ќе разговара и со рускиот претседател Путин, но и предупреди дека Вашингтон е подготвен за втора фаза од санкции за Москва.
Во последното деноноќие на територијата на државава имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а 27 се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи.
„Независноста не е само потпис на хартија – таа е жртва, борба и љубов кон оваа света земја. Тоа е аманет од нашите предци и завет пред идните генерации. Да се обединиме“, порача премиерот Христијан Мицкоски на централната свеченост по повод 34 години од осамостојувањето на Македонија.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност.
По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти, наведе Кошта во објава на мрежата „Х“.
Шефот на Белата Куќа уверува дека за брзо време ќе се постигне договор со којшто ќе се донесе мир во регионот. Трамп упатил последно предупредување до Хамас да се согласи на договор за ослободување на заложниците. Од милитантната група велат дека се подготвени да седнат на преговарачка маса.