Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
Вести
-
Македонија 06.06.2025 08:21
-
Македонија 06.06.2025 08:04
Православните верници ја одбележуваат Задушница
Православните христијани денеска и утре ја празнуваат задушница, денови посветени на молитвите за покојните роднини и пријатели. На задушница се посетуваат нивните гробови и се палат свеќи за покој на душата. Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите.
-
Македонија 05.06.2025 21:13
Сиљановска-Давкова го прими актерот Едмонд Сотир
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Едмонд Сотир, актер, основач и организатор на фестивалот „Македонско Културно лето“, којшто годинава по 20-ти пат ќе се одржи во Преспа, општина Пустец во Албанија.
-
Македонија 05.06.2025 20:45
МОН со поддршка од партнерски организации ја започна изработката на нова Стратегија за образование 2026 - 2032
Повеќе институции, образовни установи, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни партнери на Министерството за образование и наука започнаа со изработка на нова Стратегија за образование која ќе има важност од 2026 до 2032 година.
-
Македонија 05.06.2025 20:20
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 05.06.2025 20:06
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
Денеска, во седиштето на НАТО во Брисел, министерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО.
-
Македонија 05.06.2025 19:29
Лимани: Да бидеме промената за луѓето кои се на маргините
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес учествуваше на Форум за зајакнување на ранливите заедници преку обука и партнерство на проектот ЦРН ЛЕБЕД- проект на Импакт Хаб од Австрија во тесна соработка со Фондацијата Сизигија од Северна Македонија.
-
Македонија 05.06.2025 19:00
Проштална средба на Сиљановска-Давкова со Џери Дибл, претставничка на УСАИД
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари проштална средба со Џери Дибл, претставничка на УСАИД во државава на која присуствуваше и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.
-
Македонија 05.06.2025 18:20
Обвинувања за истрагата во Кочани
Власта се обидува да ги заштити и оние кои биле должни да ја затворат дискотеката која кобната вечер работела без никаков документ во целост надвор од законските рамки и прописи – велат во социјалдемократскиот сојуз.
-
Македонија 05.06.2025 18:02
Стратегија за поквалитетно образование
Македонските ученици учат 900 часа помалку под светскиот просек, велат од УНИЦЕФ. Токму затоа потреба е сериозна и детална анализа на долг рок во образовниот процес.









