Вести
-
Македонија 27.05.2025 13:31
Систем за електрично споделено возење
Денеска во Скопје е промовиран нов систем за целосно електрично споделено возење. Идејата е да се обезбеди урбан транспорт и да се придонесе кон намалување на аерозагадувањето.Ана Јосифоска известува. -
Македонија 27.05.2025 13:29
Пропусти во дигитализацијата на матичните книги
За дигитализација на матичните книги досега се потрошени 8,5 милиони евра. Но, процесот не е завршен, а граѓаните сè уште добиваат изводи издадени на машина на пишување. Ова го покажува последниот извештај на Државниот ревизор.
Известува Игор Панов.
-
Македонија 27.05.2025 13:23
Сослушување на семејствата на жртвите во пожарот
Обвинителите почнаа со поединечно сослушување на семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Целта е да им се овозможи тие да можат да се приклучат на кривичниот прогон.
Ирина Гелевска е пред Обвинителството.
-
Македонија 27.05.2025 13:10
Алиу ќе го замени Таравари во здравство
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе биде предлогот на „Вреди“ за нов министер за здравство. Тој на позицијата ќе го замени Арбен Таравари, кој одлучи да оди во опозиција.
-
Свет 27.05.2025 12:54
Бомбашки напад во Истанбул, има повредени
Најмалку седум лица се повредени, од кои тројца потешко, откако неидентификувани напаѓачи фрлиле рачна граната во ресторан во Истанбул. Се трага по двајца осомничени.
-
Македонија 27.05.2025 12:33
Царинска управа: Спречен нелегален влез на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка
Мигрантите се откриени при детална контрола на две товарни возила со полски регистарски таблички, при влез во државата преку граничниот премин Богородица, каде биле сокриени во товарниот простор наменет за палети.
-
Свет 27.05.2025 12:08
Самит на АСЕАН во Куала Лумпур
Светската економија и предизвиците со нестабилната трговија по наметнатите царини од американскиот претседател Трамп, во фокусот на 46-от самит на земјите од југоисточна Азија.
-
Македонија 27.05.2025 12:00
Нема повредени по оружениот инцидент во Тетово
Нема повредени по оружениот инцидент што се случи синоќа во Тетово, кога кон куќа на улицата „111“ во населбата Теќе било пукано од автоматско оружје.
-
Македонија 27.05.2025 11:49
Претрес во Батинци, пронајдени пиштоли и куршуми, лишено од слобода едно лице
Денеска во 09 часот во с. Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х.(53) од с. Батинци, информираат од МВР.
-
Македонија 27.05.2025 11:36
Мухамед Али ја презеде функцијата директор на ЦУК
Денес во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор.










