Во Собранието се одржува седница на Советот за евроинтеграции. Лидерот на СДСМ, Филипче, го актуализираше предлогот за лидерска средба, контра ставови на пратениците од опозицијата.
Миле А. Ристески ги има деталите.
Во Собранието се одржува седница на Советот за евроинтеграции. Лидерот на СДСМ, Филипче, го актуализираше предлогот за лидерска средба, контра ставови на пратениците од опозицијата.
Миле А. Ристески ги има деталите.
Во Ватикан претседателката Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители. Имаше средба и со претседателот на Италијанската Република, Матарела.
Судскиот совет го избра судијата Африм Фидани за нов претседател на Врховниот суд на Македонија. Тој доби осум гласа „за“, додека поранешната претседателка Беса Адеми доби само два гласа.
„Обединетата социјалистичка партија“ на Мадуро, со убедлива победа на парламентарните избори во Венецуела, бојкотирани од опозицијата. Успеа да го задржи мнозинството со освоени над 80 насто гласови во Националното собрание и да обезбеди 23 од 24 гувернерски места.
Кинотеката на Северна Македонија е збогатена со вредна донација од семејството на еден од најзначајните македонски филмски автори – Кирил Ценевски (1943–2019).
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
Вчера во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово, информираат од МВР.
Сирени повторно огласени низ Украина. Русија продолжува со последователните масовни напади додека силна критика пристигна од Вашингтон до Москва. Во ретка осуда Трамп изјави дека Путин апсолутно полудел, дека ја сака цела Украина, а не само дел од неа.
САД се согласија да ја одложат царината од 50 проценти на увозот од ЕУ до 9-ти јули со цел да се даде време за преговори со блокот.
Во Куала Лумпур почна 46-от самит на АСЕАН. Земјите од Југоисточна Азија, чиј актуелен претседавач е Малезија, ќе мора да се обединат за да се соочат со предизвиците од глобалната трговија предизвикани од американските царини – истакна премиерот Анвар Ибрахим.