Гори на неколку локации во земјава, активни се три пожари, сериозна е ситуацијата на планината Готем. Конвој од шеесетина словенечки пожарникари и чешкиот хеликоптер се дополнителна поддршка во гаснењето на огнената стихја во шумите.
Гори на неколку локации во земјава, активни се три пожари, сериозна е ситуацијата на планината Готем. Конвој од шеесетина словенечки пожарникари и чешкиот хеликоптер се дополнителна поддршка во гаснењето на огнената стихја во шумите.
Во тек е седницата на Економско социјалниот совет. Според најавите на маса треба да биде анализата за базичната инфлација и потребата од донесување на мерки, но и новата владина методологија за пресметување на потрошувачката кошница.
Александра Велинова известува.
Сметките за парно нема да се зголемат. Продолжуваат да важат актуелните цени се до донесување на нова одлука, одлучија регулаторите.
Се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, каматните стапки остануваат непроменети, велат од народната банка. Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 5,35 проценти, а на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95 отсто и 4 отсто.
На 29.07.2025 во 19.45 часот во с. Бродец, општина Чучер Сандево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.К.(63) од с. Побожје, скопско.
Министерството за животна средина и просторно планирање го најави официјалниот почеток на реализацијата на проектот за проектирање и изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Битола, еден од клучните еколошки проекти во државата.
Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ-со стабилен изглед, што воедно е потврда и за политиките на Владата што ги води, а претставува и значаен сигнал за инвеститорите при носење на нивните одлуки за инвестирање.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривични пријави против И.Х.(33) и С.А.(23), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираа
Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија. Потресот предизвика цунами до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи предупредувања и евакуации низ Тихиот Океан. Има повредени.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.