Вратите на Сикстинската палата запечатени. Кардиналите од целиот свет влегоа во таен процес за избор на 267-миот папа на Римокатоличката црква. Во базиликата „Свети Петар“ ја одржаа последната миса пред почетокот на процесот за гласање за новиот понтиф.
Вести
-
Свет 07.05.2025 16:32
-
Македонија 07.05.2025 16:30
Оформен предмет за „Адитив“
Обвинителниот акт за предметот „Адитив“ одобрен во целост од Советот за оценка при скопскиот Кривичен суд. Оттаму посочуваат дека согласно одобрениот обвинителен акт, оформен е кривично – правен предмет и преку АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија.
-
Македонија 07.05.2025 16:13
Хуманитарна трка „Од срце трчај, од срце дарувај за Кочани“
Со трка на три километри и прибирање парични средства охриѓани ја искажаа својата почит кон жртвите и солидарноста кон семејствата во Кочани по една од најголемите трагедии што се случила во нашата држава.
-
Македонија 07.05.2025 15:46
Герасимовски: Воведуваме училишни униформи за сите основци од септември
Општина Центар за првпат воведува училишни униформи за сите основци. Градоначалникот Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата „Во живо – Програма на градови“ на МРТ информираше дека од септември, учениците во сите општински основни училишта ќе ја започнат учебната година во униформи.
-
Свет 07.05.2025 15:27
По слетувањето во Баку, Вучиќ го продолжил летот кон Москва
Српскиот претседател Александар Вучиќ го продолжил патот кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата откако екипажот на неговиот авион добил дозвола да го продолжи летот од Баку.
-
Економија 07.05.2025 15:04
Неопходни се реформи за поголем економски раст
Подигнување на приходите по глава на жител на 10 илјади долари ќе зависи од темпото на економски раст. Неопходно е подобро образование, конкурентно окружување и поголема енергетска ефикасност, сугерира Светска банка.
-
Македонија 07.05.2025 14:29
Традиционална литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга
И годинава моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона носени во торжествена литија денеска низ струшките улици ќе го осветат градот на поезијата.
-
Македонија 07.05.2025 14:21
Мицкоски-Милановиќ: Потврдена поддршката за европската иднина на Македонија
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска е во посета на земјава. Покрај средбата во Вила Водно со претседателката Сиљановска-Давкова, оствари и работен ручек со премиерот Христијан Мицкоски.
-
Свет 07.05.2025 14:13
Новиот канцелар на првиот ден од функцијата патува во Франција и Полска
Новиот германски канцелар на првиот ден од функцијата патува во Франција и Полска. Во Париз тој ќе разговара со францускиот претседател Макрон. Една од темите е како Европа може да стане понезависна по радикалните промени во надворешната политика на САД и претседателот Трамп.
-
Македонија 07.05.2025 13:47
Средби на премиерот со владините коалициски партнери
Продолжуваат разговорите меѓу премиерот и лидерите на коалициските партнери од ВРЕДИ.










