Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.
Вести
-
Македонија 02.04.2025 14:53
-
Македонија 02.04.2025 14:46
Герасимовски: Талентот на нашата ученичка Јана е инспирација да останеме фокусирани на поддршката за сите деца
По повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот, во младинскиот центар „Матично“ во Општина Центар е поставена изложбата „Моите херои“, на млада и талентирана авторка – Јана Иванова, ученичка во четврто одделение во ООУ „Димитар Миладинов“.
-
Македонија 02.04.2025 14:26
Советот на јавни обвинители против разрешување на Коцевски
Со мнозинство од шест гласа Советот на јавни обвинители даде негативно мислење, односно се изјасни против предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
-
Македонија 02.04.2025 14:10
Речиси половина од судовите лани биле неажурни
Речиси половина од судовите од државата лани биле неажурни – покажува извештајот за работата на судовите за 2024 година кој се разгледуваше на денешната седница на Судскиот совет.
-
Економија 02.04.2025 13:49
Дурмиши: Владата не одлучи сама да го зголеми минималецот за 1.800 денари, го следевме законот
Владата не одлучи сама да го зголеми минималецот за 1.800 денари, како што обвинува Синдикатот, ги следевме законот и утврдената методологија по кои одлука требаше да се донесе до крајот на март, објаснува министерот за економија, Дурмиши.
-
Македонија 02.04.2025 13:34
Кешишев сведочи, Палевски надвор од судница
Во Кривичниот суд во Скопје, ново рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. По Манев и Видевски, на ред за сведочење Влатко Кешишев, кој на инспекторите им го покажал местото каде што го закопале девојчето.
-
Македонија 02.04.2025 13:24
Филипче: Прво средба со Мицкоски, па лидерска
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче прифаќа тет-а-тет средба со премиерот Мицкоски за да го образложи планот за реформа на системот.
-
Економија 02.04.2025 13:19
Отворена нова фабрика во зоната во Штип
Нови инвестиции и вработувања. Почна да работи новата фабрика на канадската компанија „Магна Мехатроникс“ во слободната зона во Штип, за производство на автомобилски компоненти. За колкаво вложување станува збор и колку работни места треба да се отворат, известува Славица Величковска.
-
Економија 02.04.2025 13:18
Протест на ССМ за зголемување на минималната плата
Наместо во Работничкиот дом, раководството на ССМ заседаваше на улица. Преку јавна седница, одржана во знак на револт пред Собранието, Стопанската комора и Владата, испратено барање за зголемување на минималната плата на 500 евра.
Од протестот известува Борис Грујоски.
-
Македонија 02.04.2025 13:12
Надојдената Маркова Река поплави објекти
Надојдената вода на Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром. Има пријавени за поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани и Батинци, како и во Горно Лисиче. Механизацијата е на терен.
Известува Андријана Ѓурческа










