Во касарната „Илинден“ во Скопје, во присуство на министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерство за одбрана беше одбележан Денот на Генералштабот на Армијата.
Вести
-
Македонија 27.03.2025 14:04
-
Македонија 27.03.2025 13:32
Контроли за безбедноста во училиштата
Надлежните со контроли за безбедноста во училиштата. Министерката за образование Јаневска во посета на Основното училиште „Партенија Зографски“. Андријана Ѓурчевска известува.
-
Македонија 27.03.2025 13:23
Пет години членство на Македонија во Алијансата
Македонија одбележува пет години од членството во НАТО. Земјава влезе во Алијансата како 30-та членка. Во февруари 2019-та година беше потпишан пристапниот протокол, а по завршување на процесот на ратификација, на 27-ми март 2020-та Македонија и официјално стана полноправна членка на НАТО.
-
Македонија 27.03.2025 13:22
Претреси, распити и докази за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Продолжува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Полицијата влезе во домот на сопственикот, се бараа нови докази, беа одземени компјутери и финансиска документација. Судот во Кочани ги прифати жалбите на тројца осомничени.
-
Македонија 27.03.2025 13:21
Состојба на повредените во пожарот во Кочани
Стабилна е состојбата на повредените. Четворица кои се лекуваа во Шпанија и еден во Грција се вратија во земјава. Тие се во добра здравствена состојба, но ќе бидат под надзор на домашните болници. -
Македонија 27.03.2025 12:51
ДУИ: Ургентно формирање Парламентарна комисија
Демократската унија за интеграција соопшти дека пратениците од коалицијата „Европски фронт“ ќе поднесе официјално барање за формирање посебна Парламентарна комисија која ќе го истражи, како што велат, селективниот и едностран пристап на правосудниот систем во истрагата за трагедијата во Кочани.
-
Свет 27.03.2025 12:37
Трамп: Аферата „Сигнал“ е лов на вештерки
Претседателот Трамп го минимизираше исходот од аферата „Сигнал“ во која новинар беше додаден во разговор каде што се зборувало за планови за напад на Хутите во Јемен. Трамп го нарече случајот „лов на вештерки“.
-
Македонија 27.03.2025 12:37
Семејно насилство во Радовиш
МВР приведе маж од Радовиш кој тепа жена а сето тоа во живо се пренесувало на социјалната платформа Тик-Ток. На видеото се гледа и слуша како насилникот и психички и физички ја малтретира жената која според сведоци била бремена и подолг период трпела насилство.
-
Свет 27.03.2025 11:52
Судот на БиХ побара меѓународна потерница за Додик и Стевандиќ
Судот на Босна и Херцеговина побара меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ.
-
Македонија 27.03.2025 11:41
УХМР: Врнежи од дожд и следните денови
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР.










