Завршија преговорите меѓу тутунарите и откупувачите за новата реколта. Од Сојузот на тутунските здруженија не се задоволни од цените што им ги понудиле, а од понеделник ќе треба да се склучуваат договори.
Известува Елизабета Митреска.
Завршија преговорите меѓу тутунарите и откупувачите за новата реколта. Од Сојузот на тутунските здруженија не се задоволни од цените што им ги понудиле, а од понеделник ќе треба да се склучуваат договори.
Известува Елизабета Митреска.
Членови на Стоматолошката комора се пожалија на нелегален прогон и незаконско работење од претседателот. Тврдат дека се соочуваат со притисоци и противзаконски санкции. Тој им одговори.
Известува Андријана Ѓурческа.
Вчера во рамки на активностите на полициските службеници на ниво на целата држава беа издадени 732 платни налози. Од нив 214 се однесуваат на непрописно паркирање, а 194 за непочитување на пропишаната брзина на движење, информираат од МВР.
Лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција во Обвинителството – цел на акцијата на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Опфатени се сегашни и поранешни вработени во затворите.
Ридот над Санта Фе, каде што е резиденцијата на актерот којшто остави траен белег во светската кинематографија, беше последниот сведок на заминувањето на Хекман од сцената. Во пресрет на 97-то доделување на Оскарите закажано за в недела, пронајдени се телата на Хекман и на сопругата.
Вчера во 19.20 часот во с. Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле Х.В.(35) од Кавадарци, информираат од МВР.
Град Скопје ги реконструираше спортските игралишта во скопското средно училиште „Михајло Пупин“, со што се овозможуваат одлични услови за средношколците и наставниот кадар за одржување на наставата по спорт и спортски активности.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.
Денеска во 00.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци. Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети.