Од ден на ден прекинува молкот за водењето судски постапки. Да зборува јавно за процесите овој пат се охрабри семејството Трајковски од Куманово. Ќерката на Лидија Трајковска, градежната инспекторка од Куманово уапсена за примање поткуп, незадоволно од досегашниот.
Вести
-
Македонија 04.02.2025 18:24
-
Македонија 04.02.2025 18:00
Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во телевизиско гостување говореше за новите измени на законот за Елктронски комуникации во којшто е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа.
-
Свет 04.02.2025 17:40
Пукање во едукативен центар за возрасни во Шведска, има загинати
Најмалку пет лица се застрелани во образовен центар за возрасни, Ригбергска во Еребро, Шведска. Според полицијата, станува збор за сериозен насилен криминал, по којшто сторителот извршил самоубиство, објави Шведската новинска агенција.
-
Македонија 04.02.2025 17:38
Каролина Симоновска разрешена, нова директорка на „Козле“ е Катерина Бошковска
Им забрани на медиумите да го користат нејзиното име, иако извршуваше јавна функција, па ја разрешија. Министерот за здравство Таравари го потпиша решението – Каролина Симоновска повеќе не е директорка на Козле.
Известува Анита Димитријевска-Велковска.
-
Македонија 04.02.2025 16:36
Шести ден потрага по исчезнатиот неготинец Миле Тодоров
Потрагата по младиот Миле Тодоров денес стигна до мостот на реката Вардар, кај полигонот Криволак. Таму беа неговите другари и роднини, кои го пребаруваа брегот. Веруваат дека Миле е уште жив.
-
Македонија 04.02.2025 16:24
Повеќе пари за превентивните програми, најавија надлежните
Пациенти реагираа до директорот на Фондот за здравство – во Македонија лековите се поскапи отколку во Косово. Лек за карцином на дојка таму чинел 1.500 евра, во Македонија 2.650, во Турција 1.100.
-
Економија 04.02.2025 16:09
Нов повик за проекти во општините
15 милијарди денари за капитални инвестиции во локалната инфраструктура од унгарскиот заем ќе им бидат на располагање на општините. Со вториот повик, критериумите за учество ќе бидат олеснети во делот на рокот за поднесување документи и за почнување на постапката за јавна набавка.
-
Македонија 04.02.2025 15:57
Унијата бара трајно решение за медицинските лица со договор на дело
Итно вработување на медицинските сестри кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување – бара Унијата. На стотици им се прекинати договорите за работа на дело. Иако ќе продолжат да работат, финансиска согласност за исплата на јануарската плата нема.
-
Македонија 04.02.2025 15:43
Одбележани 153 години од раѓањето на Гоце Делчев
Повик за национално обединување и следење на Делчевата идеологија – ова се пораките кои беа испратени од чествувањето на 153 годишнината од раѓањето на најголемиот македонски револуционер, Гоце Делчев.
-
Економија 04.02.2025 15:17
Мицкоски: Треба да има интервенции во минималната кошница
Не е точно дека сме отфрлиле каков било предлог за раст на минималната плата, вели премиерот, откако синдикатите и работодавачите кажаа дека не постигнале договор со Владата на социоекономскиот совет.










