Вести

  • Македонија 16.01.2025 13:24

    Илире Даути поднесе оставка

    Кавга во законодавниот дом. Илире Даути до спикерот Гаши, пред седницата доставила неотповиклива оставка. Инсистираше да ја образложи. Гаши и одговори дека на наредната пленарка ќе има можност да го стори тоа.

    Од Собранието известува Ирина Гелевска.

  • Економија 16.01.2025 13:15

    Дизелот поскапува за два денара, цената на бензините останува иста

    Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се се зголемува за 2 денара по литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулатрорната комисија за енергетика.

  • Свет 16.01.2025 12:45

    Бугарскиот Парламент ја избра новата Влада на чело со Жељазков

    Росен Жељазков е нов премиер на Бугарија. За Владата гласаа 125 пратеници, „против“ 114, немаше воздржани. Пратениците во Народното собрание го избраа и составот на кабинетот на Жељазков со истото мнозинство.

  • Свет 16.01.2025 12:34

    Украина меѓу војната и дипломатијата

    Украинците имаат проблем, не со парите туку им недостигаат Украинци. И тоа што го направи Путин е неприфатливо, изјави на распитот во американскиот Сенат следниот државен секретар Рубио. Изрече, со дипломатски речник кажано, интересни ставови.

  • Македонија 16.01.2025 12:11

    За трипати зголемен бројот на заболени од грип

    За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со првата недела од јануари. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип или на заболувања слични на грипот.

  • Свет 16.01.2025 11:49

    Бугарија доби нова влада

    По четири години неуспех да формира одржлива влада и повторени предвремени парламентарни избори, Бугарија доби нов кабинет. Парламентот го избра Росен Жељзков за премиер кој беше номиниран од најголемата политичка сила – ГЕРБ. Изгласана е и структурата на Советот на министри.

  • Македонија 16.01.2025 11:35

    Снегот го зголеми нивото на реките

    Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека реката Вардар има повисоко ниво во однос на просекот за јануари кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија.

  • Македонија 16.01.2025 11:25

    Деветгодишно дете почина на Детската клиника

    Деветгодишно дете од светиниколско пред два дена починало на Детската клиника.

    Директорот Реџеп Мемеди вели дека детето било донесено од штипската болница во многу тешка, неповратна здравствена состојба.

    Претходно било болно, било дехидрирано и имало цревна инфекција.

  • Македонија 16.01.2025 10:55

    Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

    По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

  • Економија 16.01.2025 10:40

    Ристески на средба со производители, дистрибутери и трговци

    Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржаа состанок со дел од претставниците на производителите, дистрибутерите и трговците кои учествуваа во акцијата Новогодишна кошница која што се применуваше од 15 декември 202

Pages