Инспектори и припадници на полицијата од Приштина упаднаа во српските институции на Косово и Метохија, окупирајќи ги и затворајќи ги објектите во десет општини по што српските работници биле принудени да ги напуштат.
Вести
-
Свет 15.01.2025 17:20
-
Свет 15.01.2025 17:00
Хамас и Израел ги финализираат деталите за спроведувањето на договорот за заложници
Израел и Хамас се на најблиската точка до склучување договор за ставање крај на 15-месечната војна на Блискиот Исток. Финалните деталите сè уште се разработуваат.
-
Македонија 15.01.2025 16:37
УПОЗ не се откажува од протестите
30-минутната пауза – вработените од шест министерства и две државни институции повторно на протест. Од Синдикатот на УПОЗ се пожалија на притисоци, но не откриваат во кои ресори.
-
Македонија 15.01.2025 16:17
Работен појадок на министерот Муцунски со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија
Ни се случува постојана билатерализација на пристапниот процес и условување со прашања, спротивни на европските вредности, истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во своето обраќање пред амбасадорите на земјите-членки на Европската унија.
-
Економија 15.01.2025 16:00
За власта мерката „Новогодишна кошница“ успешна, за опозицијата – промашување
Празниците завршија, заврши и „Новогодишната потрошувачка кошница“, преку која граѓаните можеа да пазаруваат поевтино. На листата беа опфатени 1.178 производи од 96 производители и дистрибутери. Од Министерството за економија велат – мерката била успешна и ги исполнила очекувањата.
-
Свет 15.01.2025 15:30
Папа Франциск: Злоупотребата на децата е ужасно злосторство
Папата Франциск денеска изјави дека злоупотребата на деца е страшно злосторство.
„Злоупотребата на малолетници, без оглед на нејзината природа, е одвратен, страшен чин. Тоа не е само зло на општеството, туку и злосторство“, нагласи папата.
-
Македонија 15.01.2025 15:02
Мисајловски на средба со семејствата на загинатите бранители
Денеска во Домот на Армијата во Скопје, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со семејствата на загинатите бранители и со претставници од Здружението на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија „Херои на Македонија 2001-2015“.
-
Економија 15.01.2025 14:41
Димитриеска-Кочоска на средба со заменик-претседателот на Фондот за меѓународен развој на ОПЕК
Унапредување и зајакнување на соработката со ОПЕК преку Фондот за меѓународен развој и поддршка на проекти во земјава беа во фокусот на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-претседателот на Фондот Шаима Ал-Шеиби, којашто се одржа во седиштето на ОПЕК во Виен
-
Македонија 15.01.2025 14:16
На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор
Уште една успешна трансплантација со коска од починат донор, втора во изминатово деноноќие.
Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа.
-
Македонија 15.01.2025 13:22
Муцунски: Време е да продолжиме по европскиот пат
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски на средба со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ. Главна тема на разговорите, проширувањето и нашата интеграција во Унијата. Муцунски вети реформи, но, побара процесот да остане кредибилен и да нема условување.










