Вести

  • Економија 04.01.2025 16:33

    Граѓаните се подготвуваат за претстојните празници, цените на пазарите пониски од лани

    „Костените се поевтини од лани, лани беа 250, сега се 150 денари“-искусен продавач и нас и купувачите на „Зелен пазар“ нè убедуваше оти цените се намалени, за да им се овозможи на граѓаните да си ги дозволат основните намирници за празниците.

  • Македонија 04.01.2025 16:15

    Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин

    Со новиот експресен пат од Страцин до Крива Паланка ќе се патува 10 минути. Од Крива Паланка до Куманово пак наместо еден час, ќе се стигнува за 40 минути. Патот е во должина од 25 километри, и е дел од Коридорот 8. Изградбата почна во 2018-та, а интензивно се работеше последниве шест месеци.

  • Македонија 04.01.2025 15:57

    Снег само на високите места

    Незначителната снежна покривка што утрово се забележа во градот влеваше надеж дека можеби ќе имаме снежни празнични денови. Сепак, за да се израдуваме на снегот ќе мора да се упатиме кон повисоките планински туристички центри. Најава за снежни врнежи нема, ниту спас од маглата.

  • Економија 04.01.2025 15:11

    Високи казни за нефер трговски практики

    До 20.000 евра казни за трговците ако не се почитува Законот за нефер трговски практики. Со овој Закон се очекува на подолг рок да има стабилизирање на цените на производите, во интерес на граѓаните.

  • Свет 04.01.2025 14:32

    Продолжува бробата со дронови меѓу Москва и Киев

    Продолжуваат борбите во Украина. Русија во првите три дена од 2025 година изврши повеќе од 300 напади со дронови и лансираше околу 20 ракети, вклучително и балистички, изјави украинскиот претседател Зеленски.

  • Свет 04.01.2025 13:50

    По масакрот во Цетиње, најавен нов закон за оружје во Црна Гора

    Црногорскиот премиер Спајиќ најави нов закон за оружје во земјата. Строги проверки ќе бидат спроведени за секој што легално поседува оружје.

    За оние пак што поседуваат нелегално оружје треба во следните два месеца доброволно да го предадат за да не бидат ригорозно казнети.

  • Македонија 04.01.2025 13:26

    Отворен патот Страцин- Крива Паланка

    Од денеска од Куманово, Страцин, до Крива Паланка ќе се вози по новиот експресен пат. Патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути. На експресниот пат има изградено три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини.

  • Македонија 04.01.2025 13:03

    Ски- центарот Копанки атрактивен за домашни и странски туристи

    Пелистер, најјужната планина со алпски карактеристики, деновиве буквално е преплавена од туристи од земјава и регионот. Љубителите на снегот и на белите спортови, после неколку години, конечно можат да уживаат и во домашните ски центри.

  • Економија 04.01.2025 12:04

    Неопходен е нов Закон за туристичка дејност

    Иако изминатата туристичка сезона се смета за најуспешна по корона кризата, сепак експертите сметаат дека македонскиот туристички систем е урнат, поради што е неопходно што поскоро да се донесе нов Закон за туристичка дејност.

  • Свет 04.01.2025 11:35

    Засилени безбедносни мерки во Вашингтон

    По нападот во Њу Орлеанс на Нова година и по експлозијата во Лас Вегас истиот ден, американските служби внимателно ги кројат плановите за безбедност во округот Колумбија за големите настани месецов. На 6 јануари Конгресот треба формално да ја потврди изборната победа на Доналд Трамп.

Pages