Стотици приврзаници на отповикуваниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол се собраа пред неговата претседателска резиденција во Сеул во знак на поддршка. Протестот следува откако јужнокорејските истражители вчера ја напуштија рездиденцијата по речиси шестчасовен обид да го приведат.
Вести
-
Свет 04.01.2025 18:44
-
Македонија 04.01.2025 18:08
Се распаѓа некогашниот гигант „Еврохотел“ во Струга
Руиниран апартманскиот комплекс на струшкото крајбрежје, познатиот „Еврохотел“ се распаѓа. Новата управа на заедницата со низа обвинувања кон поранешниот управител.
-
Македонија 04.01.2025 17:32
Има мерки, но потребна е и свест против аерозагадувањето
Инспекторатот за животна средина ги засили контролите кај големите производители со А и Б интегрирана дозвола поради енормното загадување на воздухот. Има и вонредни контроли. Препораката е да се намали, не да се згасне производството зашто тогаш има и поголемо загадување и големи штети.
-
Свет 04.01.2025 16:57
Комеморација во Цетиње, трет ден на жалост во Црна Гора
Со една минута молк во владиниот дом во Цетиње се одржа комеморација за 12-те жртви во масакрот што се случи на новогодишната ноќ. Последна почит од семејствата на загинатите и од државниот врв во Црна Гора. Загубата на 12 животи, меѓу кои и две деца, нè остави во шок и неверување.
-
Економија 04.01.2025 16:33
Граѓаните се подготвуваат за претстојните празници, цените на пазарите пониски од лани
„Костените се поевтини од лани, лани беа 250, сега се 150 денари“-искусен продавач и нас и купувачите на „Зелен пазар“ нè убедуваше оти цените се намалени, за да им се овозможи на граѓаните да си ги дозволат основните намирници за празниците.
-
Македонија 04.01.2025 16:15
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин
Со новиот експресен пат од Страцин до Крива Паланка ќе се патува 10 минути. Од Крива Паланка до Куманово пак наместо еден час, ќе се стигнува за 40 минути. Патот е во должина од 25 километри, и е дел од Коридорот 8. Изградбата почна во 2018-та, а интензивно се работеше последниве шест месеци.
-
Македонија 04.01.2025 15:57
Снег само на високите места
Незначителната снежна покривка што утрово се забележа во градот влеваше надеж дека можеби ќе имаме снежни празнични денови. Сепак, за да се израдуваме на снегот ќе мора да се упатиме кон повисоките планински туристички центри. Најава за снежни врнежи нема, ниту спас од маглата.
-
Економија 04.01.2025 15:11
Високи казни за нефер трговски практики
До 20.000 евра казни за трговците ако не се почитува Законот за нефер трговски практики. Со овој Закон се очекува на подолг рок да има стабилизирање на цените на производите, во интерес на граѓаните.
-
Свет 04.01.2025 14:32
Продолжува бробата со дронови меѓу Москва и Киев
Продолжуваат борбите во Украина. Русија во првите три дена од 2025 година изврши повеќе од 300 напади со дронови и лансираше околу 20 ракети, вклучително и балистички, изјави украинскиот претседател Зеленски.
-
Свет 04.01.2025 13:50
По масакрот во Цетиње, најавен нов закон за оружје во Црна Гора
Црногорскиот премиер Спајиќ најави нов закон за оружје во земјата. Строги проверки ќе бидат спроведени за секој што легално поседува оружје.
За оние пак што поседуваат нелегално оружје треба во следните два месеца доброволно да го предадат за да не бидат ригорозно казнети.









