Вести

  • Македонија 16.12.2024 08:21

    Синоќа нова полициска акција за сузбивање криминални групи

    Доцна синоќа нова полициска акција за сузбивање криминални групи. Извршени претреси во Арачиново и во Чаир, но и во други градови низ земјава. Неофицијално, уапсени членови на нарко-картели, но нивниот број и идентитет засега не се откриваат.

  • Македонија 16.12.2024 08:09

    Седници денеска на шест собраниски комисии

    Во Собранието денеска седница ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за култура и туризам, за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правна комисија.

  • Македонија 16.12.2024 08:09

    Ново рочиште за убиството на Вања и Панче

    Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за убиството на малата Вања и пензионерот од Велес, 

  • Економија 16.12.2024 07:56

    Дополнителни пари за пчеларите

    Одгледувачите на пчелни семејства, вклучени во селекција за производство на пчелни матици можат да поднесуваат барања за дополнителни директни плаќања

  • Македонија 16.12.2024 07:56

    Сончево со мала до умерена облачност

    Утрото студено, по одделни котлини со слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

    Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

  • Свет 15.12.2024 19:53

    Папата Франциск во еднодневна посета на Корзика

    Папата Франциск за време на еднодневната посета на францускиот остров Корзика ќе стави двоен фокус на медитеранот, истакнувајќи ги локалните традиции на народната побожност од една страна и смртните случаи и војните на мигрантите од друга страна.

  • Свет 15.12.2024 19:00

    Децата во Сирија се вратија на училиште

    Децата се вратија во училниците во Сирија, откако властите наредија училиштата повторно да се отворат, како силен знак на одредена нормалност една недела, откако опозициските борци го освоија главниот град во драматичното соборување на претседателот Башар Ал Асад.

  • Свет 15.12.2024 18:23

    Петмина убиени во престрелка во Франција

    Пет лица биле убиени во престрелки во близина на мигрантски кампови во близина на Данкерк. двајца мигранти и двајца агенти за безбедност се меѓу загинатите. 22-годишен маж се предал во полициска станица по инцидентите, на местото на настанот има големо присуство на итната помош.

  • Свет 15.12.2024 17:22

    Нон-пејпер за олеснување на пристапниот процес

    Соседните земји да не можат да се блокираат за билатерални прашања во претпристапниот процес за членство во Европската унија. Ова го предвидува Нон-пејперот на Словенија и Германија.

  • Економија 15.12.2024 16:36

    Започнува акцијата „новогодишна кошничка“

    Лебот, месото, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, житариците, безалкохолните и алкохолните пијалаци и уште 1.000 производи од сега ќе се продаваат за 10% поевтино.

Pages