Египетска делегација во Тел Авив во обид за решавање на конфликтот во Газа. Преговорите меѓу Израел и Хамас кои траат со месеци се очекува да се придвижат по прекинот на огнот во Либан. Катар кој на почетокот од месецот се повлече од процесот на посредување, сега се надева на договор.
Вести
-
Свет 28.11.2024 08:30
-
Македонија 28.11.2024 08:28
Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет
Министерството за правда, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, организира тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија.
-
Македонија 28.11.2024 08:25
Денеска почнува судењето на 36 годишната жена од Кратово за убиството на сопругот и свекорот
Денеска во Основниот суд во Куманово, почнува судењето на 36 годишната жена, која на 13 јуни во семејниот дом, за да се спаси од сопругот кој ја тепал и давел, со кујнски нож прво го прободела него, а потоа и свекорот.
-
Македонија 28.11.2024 08:21
Евроамбасадорот Рокас во посета на Битола
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ја посети општина Битола.
Посетата ќе почне со поединечни средби со битолскиот градоначалник Тони Коњановски и со Советот на општината, информираат од Делегацијата на ЕУ.
-
Македонија 28.11.2024 08:16
Во Собранието ќе заседава Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.
-
Економија 28.11.2024 08:15
Еко-субвенции за органско производство
До 25-ти декември земјоделците може да се поднесат барања за финансиска поддршка за органските производи, нивните преработки, доработка, пакување и продажба.
-
Македонија 28.11.2024 08:14
Во Собранието седница за пратенички прашања
Собранието денеска ќе ја одржи 21. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Според новиот Деловник, седница за пратенички прашања месецов имаше и на 21-ви ноември и траеше два часа.
-
Македонија 28.11.2024 08:12
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 28.11.2024 08:11
Продолжуваат руските напади, експлозии во Одеса
Руските ракети ги вклучија сирените за тревога низ цела Украина. Експлозии во Одеса и во централниот дел од земјата. На мета повторно енергетската инфраструктура. Зеленски вели- притисокот врз Русија мора да се зголеми.
-
Македонија 28.11.2024 08:10
Сончево со мала до умерена облачност
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.










