Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе го одбележи Денот на Академијата.
Настанот ќе почне со положување цвеќе на споменикот на Блаже Конески пред МАНУ, а потоа ќе се обрати претседателот на Академијата, Живко Попов.
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе го одбележи Денот на Академијата.
Настанот ќе почне со положување цвеќе на споменикот на Блаже Конески пред МАНУ, а потоа ќе се обрати претседателот на Академијата, Живко Попов.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе се обрати на конференцијата „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“.
Во Собранието денеска седници ќе одржат две комисии – Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за финансирање и буџет.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „Костал Македонија“ во Охрид.
Стапи во сила привремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на дијалогот за политики на високо ниво (HLPD) за јавната администрација во Западен Балкан.
Како што најавија од владината прес-служба, премиерот ќе има свое обраќање.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Мнозинството земјоделци од село Чифлик, општина Чешиново – Облешево го усвоија планот за распределба на земјиштето. Консолидацијата е дел од проектот на европскиот ИПА фонд и ФАО, со вкупен буџет од 1.2 милиони евра, за окрупнување на повеќе од 1.200 на само 450 земјоделски парцели.
Нови масовни руски напади со дронови и крстосувачки ракети ги вклучија сирените низ Украина. Москва продолжува со притисокот врз Киев. Зеленски вети одговор за сè што прави Путин. Москва тврди- „Орешник“ е штитот на Русија.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху донесе одлука за прекин на огнот со Либан, кој стартува во сила веднаш.