Вести
-
Македонија 18.11.2024 13:35
Се зголемува бројот на пациенти со ХОББ
Лекарите со апел да се подигне свеста за хроничната опструктивна белодробна болест. Станува збор за болест што го отежнува дишењето и е една од водечките причини за смрт во светот. Бројот на пациенти со ХОББ се зголемува, а зошто е тоа така? -
Македонија 18.11.2024 13:34
Одбележување на Меѓународниот ден на студентите
Денеска ќе биде претставена платформа за студентска работа „Линкер“, преку која нашите академски граѓани треба да се поврзат со работодавачите. По повод меѓународниот ден, македонските студенти проговорија за проблемите и предизвиците. Александра Спировска во ги пренесува нивните ставови.
-
Македонија 18.11.2024 13:25
Советот на јавни обвинители го потврди решението на Коцевски за Хајрулахи
Попладнево се одржа седница на Советот на јавни обвинители. На маса е жалбата на шефот на Вишото скопско обвинителство, Мустафа Хајрулахи, кој беше суспендиран од функцијата.
-
Македонија 18.11.2024 13:24
Автобусите сообраќаат, но и натаму доцнат
Откако скопјани викендов со часови чекаа автобуси, од Град Скопје тврдат дека ЈСП од денеска сообраќа редовно и во полн капацитет. Нема појаснување како ќе се надмине проблемот со доцнењата, откако излегоа информации дека недостига нафта за возилата.
-
Македонија 18.11.2024 13:11
Во Приштина седница на владите на Македонија и Косово
Македонската и косовска влада денеска одржуваат заедничка седница во Приштина. Се става потпис на билатерални договори и меморандуми кои треба да ја продлабочат соработката меѓу двете земји, поврзани со заеднички гранични промени и на полето на образованието и на енергетиката.
-
Свет 18.11.2024 12:25
Во Рио де Жанеиро денеска почнува дводневниот самит на Г20
Кризата на Блискиот Исток, војната во Украина, заканата од климатските промени, енергетската транзиција, борбата со сиромаштијата – како никогаш досега, пред лидерите на 20-те најразвиени земји во светот се поставени големи дилеми за длабоки предизвици.
-
Македонија 18.11.2024 12:23
Состојбата е загрижувачка по одлуката на Бајден, велат експертите
Информациите за последната одлука на американскиот претседател во заминување Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да ги користи американските системи со долг дострел за напади длабоко на руска територија го зголемува ризикот од ескалација на војната во Украина – оценува универзитетскиот професор Мет
-
Економија 18.11.2024 11:54
Преговори за парите од унгарскиот кредит
Ако владата и банкарите покажат флексибилност во преговорите, ќе има договор за условите и начините на дистрибуција на парите од унгарскиот кредит, смета економскиот аналитичар Абил Бауш.
-
Македонија 18.11.2024 11:47
Ахмети бара од Курти да разговара со Мицкоски за проблемите на Албанците во Македонија
Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, ја повика Владата на Косово да разговара со премиерот Мицкоски, како што изјави за косовска телевизија, за проблемите на Албанците во државата.
-
Македонија 18.11.2024 11:10
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).










