Израелската војска соопшти дека артилериските сили оперираат во јужен Либан. Либанското Министерство за здравство соопшти дека има жртви и повредени во нападите врз регионот Тир на југот на земјата.
Вести
-
Македонија 18.11.2024 09:07
-
Македонија 18.11.2024 08:39
Седници на три комисии денеска во Собрание
Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која четврти ден на дневен ред е Предлог буџетот за 2025 година, а седници треба да одржат и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за култура и туризам и собраниската Законодавн
-
Култура 18.11.2024 08:24
Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков“
Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.
-
Свет 18.11.2024 08:21
Уште една жртва по несреќата во Нови Сад
Почина еден од тројцата пациенти, кои беа тешко повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
-
Свет 18.11.2024 08:21
Дводневен самит на Г20
Дводневен самит на Г20 во Рио де Жанеиро на тема „Градење праведен свет и одржлива планета“.
Официјалната агенда вклучува дискусии за борба против сиромаштијата, глобалното владеење и енергетската транзиција.
-
Свет 18.11.2024 08:20
Бајден одобрил оружје со долг дострел?
Вашингтон и одобри на Украина употреба на оружје со долг дострел на руска територија, пишуваат светските медиуми. Официјална потврда нема.
-
Македонија 18.11.2024 08:13
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
-
Економија 18.11.2024 08:09
Дополнителна поддршка за градинарски услуги
До 25-ти декември земјоделците можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции за градинарско производство на отворено и во пластеници.
-
Македонија 18.11.2024 08:07
Во Приштина седница на владите на Македонија и Косово
Во Приштина заедничка седница на владите на Македонија и на Косово. Претходно премиерите Мицкоски и Курти ќе одржат тет-а-тет средба, по која министрите ќе дискутираат за нови проекти и ќе потпишат билатерални договори и меморандуми за соработка.
-
Македонија 18.11.2024 08:04
Наутро студено, преку ден ќе преовладува сончево време
Во Македонија денеска наутро е студено со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.










