САД им се придружуваат на меѓународните и локалните набљудувачи за целосна истрага за изборите во Грузија. Вашингтон побара земјата за се врати на евроатлантскиот пат.
Вести
-
Свет 29.10.2024 08:17
-
Свет 29.10.2024 08:17
Земјоделската индустрија со блокади и протести во северниот дел на Перу
Илјадниците демонстранти блокираа автопат во северниот дел на Перу во знак на протест против неуспехот на владата да се бори против изнудата и криминалот. Најмалку тројца цивили и двајца полицајци се повредени.
-
Економија 29.10.2024 08:14
Субвенции за набавка на приплодни грла добиток
Неповратната финансиска помош изнесува најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на педигрирани свињи од увоз или од признати организации.
-
Македонија 29.10.2024 08:08
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 29.10.2024 08:04
Сончево со умерена облачност
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
-
Свет 28.10.2024 21:16
Десетици илјади луѓе на улиците на Тбилиси
Протести во Грузија по парламентарните избори. Опозицијата не ги призна изборните резултати во кои победата ја однесе владејачкиот „Грузиски сон“. Обвини за руско мешање во изборите. Москва негира вмешаност, САД и ЕУ бараат истрага за нерегуларностите.
-
Свет 28.10.2024 20:51
Бајден гласаше на претседателските избори
Американскиот претседател Џо Бајден ја искористи можноста за предвремено гласање на претседателските избори и гласаше во Вилмингтон, во американската сојузна држава Делавер.
-
Македонија 28.10.2024 19:27
ЗНАМ: Немаме претставник во работна група за Законот за правична застапеност
Во врска со изјавата на пратеникот Халил Снопче, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија демантира дека има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност на етничките заедници, ниту пак има било каква информација дека таква работна група е формирана.
-
Македонија 28.10.2024 19:20
Филков оствари средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс во Будва
Министерот за правда Игор Филков оствари билатерална средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.
-
Свет 28.10.2024 19:01
Маж во Белград пукал во сопругата и синот и тешко ги ранил
Маж пукаше денеска во сопругата и во синот во станбената населба Бежаниска коса во Нов Белград.
Крвавиот настан според српските медиуми се случил денеска околу 12 часот кога мажот пукал во правец на сопругата и на синот и ги ранил двајцата.










